„Дембел Чаршија“ – Битолско патување низ времето, со паларија, на пајтон и чалгии на увце – Настан за паметење
Битола - Урбана култура, боемски мерак, зародиш на уметноста... Таму се живот живее... Ништо не е измислено во оваа наша Битола, ништо не е фиктивно, филовано, завиткано како копија. Можеби токму затоа ова беше посебна ноќ што ние би ја опишале како љубовна серенада што ја пративме до светот. Настанот „Дембел Чаршија“ беше искуствено градско патување низ времето. Со уникатен кодекс, со паларија и пајтонот кој стоеше како сведок за тој еснафски идеал. Во уметнички простор, каде обичното му отстапува место на извонредното. Но, настанот „Дембел Чаршија“, некако стана и моја лична приказна… А еве како започна. Јас сум сонувач.…