На 26 август 2025 година, во “Пионерски – Книга бар” во Битола, ќе се одржи Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ – Поттикнување социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст.

Настанот, Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ ќе ги претстави главните резултати од двегодишната работа на проектот: нова наставна програма за социјална иновација, дигитален е-Кампус и едукативни материјали, како и успешни примери на иновации во различни културни и религиски средини.
Организатор на конференцијата е Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, во партнерство со организации од Турција и Грција, со поддршка на локални и национални институции.
За повеќе информации проверете на линкот ТУКА.