Настани
DEEP PURPLE НА 11 ОКТОМВРИ СО ПРОШТАЛЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ
Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple ќе настапи на 11 октомври во Т Арената во Скопје, каде пред македонската и регионалната публика ќе одржи проштален концерт.

DEEP PURPLE НА 11 ОКТОМВРИ СО ПРОШТАЛЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ
Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple ќе настапи на 11 октомври во Т Арената во Скопје, каде пред македонската и регионалната публика ќе одржи проштален концерт. Настапот е закажан со почеток во 20 часот.
Публиката ќе има можност во живо да ги слушне најголемите хитови на еден од највлијателните бендови во историјата на рок-музиката, но и песни од нивниот најнов албум „Splat!“. Албумот, според оценките на критичарите, е меѓу нивните најдобри и најмоќни изданија во 21 век.
Концертот во Скопје се најавува како последна можност македонската и регионалната публика да ги види Deep Purple во живо, што настапот го прави особено значаен за љубителите на хард рокот.
Преостанатите влезници се достапни онлајн преку Avalon Booking и преку продажната мрежа на Karti.com.mk низ Македонија.
Deep Purple во Скопје ќе настапат на 11 октомври, со почеток во 20 часот.



