За „Разбуди се“ следењето на овој настан, беше патување и креатива која излегува од клишеата за сѐ што се очекува од еден голем ден. Брилијантни умови, креативци, талентирани ученици и дами кои знаат што значи модниот пулс, реализираат фантастична приказна, на која искрено (ако можеби не бев толку заангажирана) ми доаѓа да им се придружам. Од досегашните разговори, видовме дека тоа се уникатни луѓе со уникатен стил…На живот, на создавање, на битисување. Живеат во име на модата, на стилот, на боите и сето она што е убаво. Креациите кои ќе ги претстават на настанот ги изработуваат до најмал детаљ. До најмало копче, аксесоари, блинг – блинг светулки или… Можеби само минималистички материјали за кои ние од оваа страна веројатно и не сме толку достојни за да зборуваме.
За потсетување, МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИТЕ, МЛАДИТЕ, КРЕИРААТ. А ПОТОА на овој настан, ПОЗНАТИ И УСПЕШНИ ДАМИ ИМААТ УНИКАТНО ЗАДОВОЛСТВО ДА ГИ НОСАТ НИВНИТЕ МОДЕЛИ.
Денес разговараме со тимот на Маја Петковска – моден дизајнер, Ружа Коњановска дамата која ќе ја носи креацијата и ученичката Садет Амедовска чии модни скици ќе блеснат во остварена модна визија што ќе дефилира на пистата на на 1ви Јуни во Офицерски дом. Сабота – 20 часот во Битола.
Неколкуте претходни интервјуа некако ме „спастрија“ во концептот на прашања и сега гледам од точна перспектива. Но, она што е најважно е дека деновиве имав чест да бидам со позитивни и амбициозни личности кои брилираат низ зборовите, делата, модните зафати. Би ја нагласила и професионалноста, доследноста и амбицијата како неуморна жед за создавање на уште и уште.
И на нашето прашање околу инспирацијата и модната приказна која ја започнала Маја Петковска како моден дизајнер и девојка со неверојатна амбиција кон исполнување на целта што сама ја креира, таа ни одговори:
Привлечена од страста за креативност, дизајн и самоизразување ја започнав мојата кариера. Можноста за инспирација ја наоѓам во се, од уметноста и култура до природата и секојдневниот живот. На крајот на краиштата… Се работи за следење на страста и наоѓање на радост во процесот на оживување на идеите преку облека и дизајн.
Како се вклучивте на иницијативата за да бидете дел на еден ваков моден спектакл? Што мислите за истиот?
Веќе трета година по ред ќе бидам дел од овој моден настан, на покана од страна на мојата класна раководителка Проф. Анита Стефановска, која безгранично ни помага да креираме возбудливи приказни со креативност и стил. Ова е доказ дека модните настани не се само облека, тие се и извондредни искуства кои ние ги пренесуваме и на новите генерации дизајнери, места на кои креативноста нема граница и каде што секое парче раскажува приказна.
Со брилијантна енергија и мудрост во секој искажан збор, поразговаравме и со Ружа Коњановска, дамата што ќе ја има честа да ја носи креацијата на овој тим.
Која е дефиницијата за една вистинска дама?
Тешко се дефинира… Но, според мое видување тоа е жена која во исто време е модерна, женствена, културна, одмерена и своја во секое време и секоја пригода.
Колку модата влијае врз сите аспекти на животот? Дали таа го опишува човекот или моменталното расположение?
Модата е присутна и постојано влијае во сите сфери на човековото живеење. Како таква, човекот ја инкорпорира во сопствениот изглед, уредување на домот, работното место, градежната инфраструктура … За што говорат различните периоди историски гледано (барок, рококо, романтизам, …). Во секој случај модата што ја негува една личност претставува спој на личниот стил и моменталното расположение.
Кажете ни збор два за соработката со вашиот тим. Која е вашата идеја и како вие како дама се вклопувате во истата?
Маја и Садет се одличен тим и соработници. Садет иако срамежлива ги слушнала моите желби и што преферирам да носам. Па на втората средба веќе имаше изработено скици од креации согласно моите потреби. Со помош на Маја, заедно трите направивме избор на креација. Таа ќе биде одраз на она што сум (да се чувствувам пријатно, комфорно, привлечна, а сепак слободна во она што го носам), но и личен израз на краетивноста на дизајнерите и нивното видување на моите желби, што на крајот сметам дека токму тоаа е идејата на оваа иницијатива.
Во дискусијата ни се придружи и ученичката Садет Амедовска. И веднаш се почувствува тој младешки импулс… Таа полетна енергија што навидум изгледа срамежливо, а во себе крие приказна што веруваме дека допрва светот ќе ја дознае, раскаже, доживее:
Ќе ни откриете ли детали околу вашата креација со која ќе се претставите на „Креативен ден“?
Можеби нема да пткријам многу, но среќна сум што за креацијата имавме неколку мои скици, цртежи од кои што еден е одбран и ќе биде фустан.
Што мислите за настанот? Како тој би извршил влијание врз младиот човек?
Веќе учествувам по трет пат. Вистински предизвик за мене е да ги прикажам моите дизајнерски афинитети. Преку настанот учиш не само дизајн и изработка на модел, туку директно си вклучен во процес каде што облекуваш модел со свои облиени пропорции. Mодел кој не е професионален туку модел со свои мислења и афинитети кон облекувањето. „Креативен ден“ е настан кој ги заокружува знаењата добиени на училиште од професорките. „Креативн ден“ создава нови искуства кои ќе приоднесат за натамошно едуцирање и чекорење во реалниот деловен свет.
ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ „КРЕАТИВЕН ДЕН“ Е ИДЕЈА НА ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. НИВНАТА АВТЕНТИЧНА ИДЕЈА ПОТТИКНУВА ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ИМИЏОТ НА СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА. НАСТАН ОТ, ПОВРЗАН СО МОДАТА Е ЛИНК ПОМЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО И БИЗНИС СЕКТОРОТ. ,,PERWOLL RENEW”, СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ ПРИКЛУЧИ НА ИДЕЈАТА. ВЕДНАШ ПОТОА И ДРУГИ БРЕНДОВИ како Тритекс со својот уникатен препознатлив слоган „Tritex underwear-синоним за квалитет“ ГО ПОДДРЖАА ОВОЈ ПРОЕКТ. Секако и „кретивен ден“ стреми кон претставување на сето она што е квалитетно. на талентот и уметноста во фантастична симбиоза со културата и модниот пулс на градот.