Креативен ден во Битола, епицентарот на модните иновации, талентот и уметничката смелост на младите

„Креативен ден“ – Кога Културата, уметноста и модата стануваат едно цело!

Во оваа наша Битола, сѐ помалку наидуваме на свесна колективна и урбана перцепција. А Битола е уметност, град кој постојано и одново создава таленти. Битола секој ден еволуира во име на модниот предизвик, трендот и културната сфера. Не смееме да го заборавиме парискиот шик. На авангардот и екстравагантната смелост на нашите дами кои додека го пиеме утринското кафе, гордо и со безвременска елеганција дефилираат на нашиот Широк Сокак. Не смееме да заборавиме дека Битола е град на модата. Императив што ја препознава како уметност и документарна дизајнерска хроника. На Битола ѝ недостасува тој креативен ден!

Со големи голтки од најслаткото битолско кафе, низ темни очила го следам тој луксуз. И дури мислам како да го „скоцкам“ текстов и оваа автентична најава, си поентирам. Градот секогаш одново станува моден предизвик. Она што го сведочиме додека ги гледаме тие дами, не е само облека, туку олицетворение на еден општествен етос.

Ова место гордо носи пиетет на епицентар на модните иновации. Стилот на битолските „чупиња“ е секогаш креативен, издржан, тренди, актуелен.   

И конечно најавата…

Наидовме на личности кои не се плашат да ги редифенираат гранците. Сакаат да направат промена, а од друга страна да не потсетат дека ова е единствената локација од која се промовира и афирмира стилот. Естетиката и креацијата како уметност и дел од културата како концепт. „Креативен ден“ е линк меѓу образованието и бизнис секторот.

Од тука, обидите да се решат проблемите со „повторната употреба“ на материјалите и одржливоста, организаторите на настанот и целиот тим, се фокусираат кон јасно зацртана цел. Да помогнат, да ги поттикнат и мотивираат младите да учат (можеби малку заборавени) занаети и побрзо да стекнат финансиска независност.

Уште еден доказ дека овој настан претставува јасен импакт помеѓу општествената свест, културната „фузија“ и модата како уметност, е фактот што тие го поттикнуваат претприемништвото за полесна имплементација во заедницата.

-Тука некаде мораме да ги спомене и нашите добри пријатели кои ја препознаа идејата и на кои бескрајно им сме благодарни,, Perwoll Renew” – додадаваат од организацијата.

Професионални модни дизајнери, во улога на ментори, дизајнираат заедно со младата модна сила од текстилниот отсек во СОУ „Таки Даскало“. Од друга страна, она што ги прави уникатни, е што успешните деловни жени од нашиот град и пошироко, ги презентираат креациите и ги купуваат. Собраните средства се донација наменета за повторно подобрување на практичната настава.

Креативен ден

Би заклучиле дека настанот е повеќе од модна ревија. Ова е модно движење кое ќе остави историски траен белег со мото што долго ќе се памети:

КРЕАТИВЕН ДЕН 2024 – 1ви Јуни (Сабота) 20:00 часот – КИЦ Офицерски Дом Битола!

„Разбуди се“ продолжува будно да ги следи подготовките за настанот, а мене  лично не ми требаше повеќе од оваа инспирација, за да направам интервју со тимот. Следете не и во следиот период прочитајте необични детали поврзани со настанот.