КРЕАТИВЕН ДЕН 2026 ЈА ВОВЕДУВА „ИСКРА“ –ПРИЗНАНИЕ ЗА ОНИЕ КОИ ЈА ОБЛИКУВААТ МАКЕДОНСКАТА МОДНА СЦЕНА 

Новата статуетка симболично ја одбележува визијата, посветеноста и континуираниот придонес на поединци кои ја градат довербата и вредноста на модата кај нас.

Во рамките на Креативен Ден 2026, за првпат се воведува статуетката „Искра“ – признание што ја слави енергијата, визијата и посветеноста на поединци кои оставаат траен белег во развојот на македонската модна сцена.

Инспирирана од младоста, движењето и креативниот импулс, „Искра“ е обликувана како разиграно романтично фустанче поставено на кројачка кукла – симбол на идејата што се раѓа, се гради и оживува. Таа претставува спој на ентузијазам и занает, на почеток и континуитет.

Името „Искра“ носи повеќеслојно значење – како прв импулс што поттикнува промена, но и како тивка, постојана сила што го одржува пламенот на креативноста и довербата во модата.

Креативен Ден низ годините прерасна во платформа што ги поврзува младите таленти, професионалците и поддржувачите на модата, отворајќи простор за едукација, израз и соработка. Токму преку оваа континуирана работа се наметна и потребата да се препознаат и истакнат оние кои со својот личен и професионален интегритет придонесуваат за развојот и афирмацијата на модната сцена кај нас.

Воведувањето на „Искра“ е природен чекор во таа насока – како симболично, но и суштинско признание за луѓето кои не само што создаваат, туку и поставуваат стандарди, градат доверба и инспирираат нови генерации.

Статуетката е изработена со 3Д печатење од биоразградлив материјал, како дел од заложбата на Креативен Ден за одговорни и современи пристапи во создавањето.

Со ова признание, Креативен Ден им оддава почит на оние кои не само што создаваат, туку и влијаат, охрабруваат и ја издигнуваат модата како култура и вредност во нашето општество.
„Искра“ не е само признание – таа е симбол за вложен труд кој прераснува во трајна вредност.

ПР текст

[post_tags]