Суеверија и шубиња. Сте се запрашале ли колку само ги имаме? А некако воопшто не им обрнуваме внимание и не ги регистрираме иако секoјдневно не владеат или да не речиме не збудалват! То ти иди како битолски ,,Фенг Шуи” правила за кои нема отстапки. Шуи, муи… кизнеј како да ги крсти чоек.
Скршено огледало е едно од тие суеверија шо ни ја јади душата! – Овај предмет од толку шо е скапоцен, дури поарно да го немаш. Оти ако го скршиш, несреќа те чека. И дури ја чекаш, од шубе и стрес ти побелва косата, крвен притисок, си клаваш шеќер. И ќе умриш. ,,Ете од огледалото е!”
Чанта на земја – ќе немаш пари! – Чантата се „бапка“ на сред маса. Колку и да е голема и колкав простор шо сака нека зафаќа в ресторан. На земјИ никако. Освен ако сакаш чакат да не завртиш цел живот.
Црна мачка – Уффф! Ова е најлошо! – Нарочито за „љубителите на зарој“. И со кола да си, треба да закочиш и да најш друг пат. Или поедноставно, одиш потпљукнуваш 3 пати и фрлаш 3 камчиња! Господе Боже дури и мачките ни се криви!
Уплав и бајачи – Едни од најголемите суеверија. Еден ако има шо нема ојдено или нема слушнато за бабичките шо зејат над гла, нека се јави! Па ти бат со сол, пипер кизнеј шо прат. Се прозеват над тебе и шептат нешто набрзина. То цел занает е и се пренесвал во наследство. Али бајачо си одбира чоек на кој ќе му го наследи ,,бизнисо”. Брзо зборат и шептат за да не му ја откриеш ,,рецептата”. Едино шо сфатив, колку појќе се прозеват толку поуплашен си. И клаваш мајцата шо ти ја ,,забајле” на тебе и спиеш ко бајче, а баба ти ти вели: ,,Од баењето ти е! Ти се смири душата! Ногу почуден и испотресен беше.”
Очи шо почудват или по наше очи ,,багамлии” (ако биле измешани кафеаво со зелено, најопасни биле) – Никако провокација со овие Љуѓе. Ако речат нешто, зихер ти се дешавало!
Инкер – ,,Тргни се од пред телевизор држиш инкер или седи на то место оти дури седеше голој клаваја. Од ко стана, на удолу тргна работата!”
Бројот 13 – Самиот ѓаол. Нешто слично со кинезите шо го избегнувАт бројот 4. Дури немат ни четврти спрат во зградите. И ние кај и да е 13ти спрат ќе О тргниме. 13ти, ама ако имаме облакодери, а ги немаме шо значи предвреме сме спремни.
Алишта на бебе на балкун не се спружват до 40 дена – Во нашата чудесија од земјуле, тешко на доилките првите 40 дена. Ден не смеат да видат. Или ако ептен веќе треба да излезат, тие истите леонки, мора да трчат дома пред да стемни! Алишта на вечер сушење на бебетооо? Ту ту ту не иди во обзир! Зошто? Е не знам. Не се имам распрашано. Или можи се имам, ама сите одговори на моето ,,зошто”, беа:,,Така”.
Кратко и ,,јасно” ти кажват луѓето. (Фала Богу жените)
На ќошот од масата не се седи оти нема да се мажиш/жениш! – …Оти ако си седиш кај шо треба синкир ќе си О ,,средиш” живото, ама ај. И оти ако не се мажиш/жениш несреден си. Стар беќар, стара мома. Срамотилуци.
Ако не ја допиеш чашата на гости, оставаш кавга в куќи! – Без разлика колку е пијан гостинО, кавга не смеј да се остај. Мора да се мани последната. Макар и со сила. Од ,,култура”!
Третио пат ти частиш – Ова од кузнеј кај иди! – Верување во градО под ,,Баба”, оти ако се видите два пати, третиО мора в меана да си дај по едно. И ќе се видите и ни ќе части некој, ни ништо. Ама таков е муабетО де!
Не се тресат трошки од чаршафот после јадење на вечер или од ко ќе се стемни! Сиромаштија е! – Овде финансиите се главен фундамент во секое домаќинство. Не смејш да заборајш на нив, па соред нашиО ,,Фенг Шуи”, никако трошки тресење по ноќој.
Чакмак не се подарва на пријател оти можи да значи оти ќе се скарате – Чакмак не, па камоли жирант да се пишиш. Рачен часовник на дечко/женсканикако давање оти ти се одбројват денојте (времето) до карање! (То и така партали сте сторени, уше сАт да му купиш. Сами шубе ќе си напрајте. Темпирате бомба!)
И после ќе речиш ок сме! Шубиња и суеверија! И од то ќе си испукаме!