Петок 13ти е датумот кој често се смета за несреќен во многу култури. Овој феномен е познат како „triskaidekafobija“ што значи страв од бројот 13 и од петок-13ти. Комбинацијата петок и број 13 е често поврзана со лоши случувања во многу фолклори и суеверија.
На овој ден, луѓето ги откажуваат обврските, патувањата па дури одат до таму што не стануваат од креветот. Целиот ден го поминуваат дома и со нетрпение го чекаат наредниот ден. Петок 13ти, дефинитивно се смета за „баксуз ден“ во многу култури и предизвикува вознемиреност кај луѓето. Дури и сериозни корпорации и бизниси сметаат дека овој ден сигурно ќе им донесе лоша среќа. Во некои авиони нема седиште со број 13, а во некои солитери нема кат со број 13. Во многу хотели, веднаш по дванаесетиот кат, доаѓа четиринаесетиот. И уште ако е петок! Аууу!
Луѓето се грчат и не знаат зошто!
Некои од верувањата за тоа зошто петок е лош ден, потекнуваат од библискиот период. Големиот потоп од времето на Ное се случи во петок, денот кога Исус беше распнат беше петок и можете да го погодите денот кога Ева му го понудила јаболкото на Адам – се разбира, тоа беше петок!
Други веруваат дека овој датум се смета за несреќен уште од 1307 година, бидејќи таа година, на 13-ти Петок, кралот на Франција нареди апсење и егзекуција на стотици витези Темплари.
Во Бразил пак, отидоа чекор понатаму: петок 13 не само што е среќен ден, туку има уште поголема среќа ако падне во август!
Идејата за несреќен датум можеби потекнува од далечното минато, но секако се прошири низ светот кога холивудската франшиза на филмовите „Петок 13“ стана популарна низ целиот свет.
Но, како што Египќаните веруваа дека бројот 13 е среќен број, така и во многу земји од шпанско говорно подрачје петок 13-ти се смета за среќен ден, а среда 13-ти е несреќен ден. Дури веруваат дека петок 13 е многу поволен датум за раѓање на дете.