Црните мачки: Малер или не? – Еве како гледа светот на нив

Кога ќе сретнете црна мачка на патот, веројатно се враќате назад и пронаоѓате друг пат затоа што мислите дека тоа значи несреќа. Но, веројатно верувањето дека црните мачки се ,, малер” постои само на овие простори.

Според светот, единствено нешто што ги истакнува е само бојата на нивното крзно. Предрасудите и суеверијата влијаат на нашето поведение и перцепција. Па зошто да им робуваме? Зошто да не би пробале перцепцијата да ја преобразиме во обратен смер -„наместо лоша среќа, нека биде чиста, изворна, живототворна.“

Имено, меѓународнипт ден на црните мачки, беше на 17ти август, а еве неколку интересни факти за нив:

Морнарите верувале дека „црните мачки се оние кои ги враќаат безбедно дома.“

Египќаните  ги обожувале. Тие сметале дека сите црни мачки кои шетале низ градовите се реинкарнација на божицата Бастес, позната како божица на црната мачка. Секој кој ќе ѝ наштетел на црната мачка, го казнувале.

Во Велика Британија, во Мидлендс,  веруваат дека црната мачка е поврзана со среќен брак. „Тука се сретнува апликација на црна мачка на покана за свадба, картичка за младенци и попратни украси поврзани со свадбен чин“. – пренесува National Geographic.

Постојат 22  различни типови на црни мачки. Единствено официјално признаена е расата Бомбај, чија пигментација на „црното палто“ е многу повисока кај мажјаците, отколку кај женките, а високото ниво на меланин во пигментот предизвикува жолти точки.

И не е сè така црно зарем не?!