Видео: Најголемиот крузер во светот наскоро ќе заплови

најголемиот крузер

„Во овој момент, носител на титулата најголем крузер – брод за крстарење во светот тежи пет пати повеќе од Титаник. Неверојатни 365 метри е неговата должина. Поседува 20 палуби, носивост за 5 610 патници и 2 350 членови на екипажот.“ (Пишува CNN travel.)

„Мега бродот“ дизајниран за луксузно патување е уште еден бродкрузер од кралската карипска флота. Изграден во финско бродоградилиште и се очекува да заплови на почетокот на следната година.

najgolemiot kruzer, крузер vo svetot

Крузерот поседува и 6 лизгалки, седум базени меѓу кои „еден најголем базен на море“ и девет базени за хидромасажа. Неговиот централен парк изобилува со илјадници живи растенија.

Пијано барот како што е првиот пијано бар на Royal Caribbean International, ќе биде приказна за себе во луксузнта пловидба.  

Ѕвездените ноќи во следната година ќе пловат заедно со  крузерот и ќе го распостелат својот сјај врз неповторливите четириесет начини за вечера и коктел забави. 28 различни типови на сместување се на располагање, со повеќе категории за семејства, повеќе распоред со поглед на океанот и повеќе простор за групи туристи. Имено, за ченовите на екипажот, релевантен е еколошкиот пристап, па затоа користат течен природен гас како движечка сила.

Ова би био неверојатно доживување за патниците. За оние кои сакат да доживеат едно поинакво искуство и оние кои и кои имаат авантуристички дух. Се разбира, ако сакате да промените нешто во стилот на живот. Или секако, ако сакате да патувате или можеби барате работа, овој крузер е правилниот решение и вистинската шанса.

 Како би изгледал тој, погледнете во видеото во продоложение.