Кај шо има чад, таму има ,,ајвар!“, а таму и пари!

Ајвар ко ајвар, живот ко живот! Нешто ќе да мириса на пиперки. Закусени фустанчиња или засукани ракавчиња подготвени за лупење пиперчиња. И колку тоа смешно дојде времево. Во едната рака „ајфонката“ и си пушта срценца со љубовникО, а во другата лајцата и меша. Ко ќе видиш меша и ваму и таму. Битна е манџата, ама најбитни се зачините. Би требало добро да се промеша.

Туку, како дојде времето и ајваро скапа работа е. Онака, како фенси да е ако имаш тегли низ дома за цела година. Престиж да имаш ваква работа. Само богаташите на ајвар испадна да се фрлени. Е до толку опето е.

И кај шо има чад таму има и оган. Кај шо има оган, таму има и ајвар, е кај шо има ајвар, таму се сите пари. Тој да го фатиш лепотице, со тегли ајвар под мишка. Ќе нема зима за тебе!

Последните пари за пиперки. И да се лупат од појќе за инает на сфаќата оти та не праела ова година. Секако го има моментот: „Шо? Не прајте ајваааар? Како ле?“ Ко небаре кизнеј колку ќе се љуфни работата. То ти иди како понижење. Пуфлински муабет и пецкање. И порано ако се чуваја залихи брашно, сега ова е тренд. „Ами шо ќе прајме на зима? Шо ќе јадиме?“

Има и такви госпожи шо ти праат муабет и споделват некоја рецепта за малиџаното, ко небаре за квантна физика да ти расправат. И после ќе се жалат оти три недели од столче не станале, фатени биле во полојната, вени испуштиле… За шо? За да има ајвар.

Интересна е самата постапка и начинот на приготвување на самиот традиционален рецепт. Прво земаш пиперки и ги оговараш поблиските роднини. Второ ги лупиш пиперкте и ги оговараш комшите (која со кој одела, колку се расправале низ дома, шо работеле, не работеле и дали праеле ајвар) и трето го завршваш рецептот и ги оговараш роднините од Австралија и пошироката јавност дегустирајќи го производот намачкан на леб и обавезно парче сирење. Успат да не се заборај, го викаш „поспособниот“ челад од новата генерација, а ако ти речи оти си има попаметна работа од Љупење пиперки, то ти е нешто како да го напрајл/а осмиот смртен грев. Фактички самото непраење на ајвар и несмешвање прсти во „манџата“ е смртен грев.

Ајвар ко ајвар! Живот ко живот! Треба да се „замеша“ малку и мх мх… ,,Welcome Autumn”!