,,Парите не го прават животот и не можат да купат среќа, ама поарно е да плачиш во ферари отколку на точак!”
… И од ќе заврши играта, куку топка, лепчиња-мепчиња, царица, или за поновите генерации (куку на андроид, прошетка со дрон, план за на ливада со спејсшател и авокадо од мајка ти сецкано со ленено семе и афричко киви)..или со други зборој од ко ќе порасниш, ти текнува оти уствари и вистина ферарито брка важна работа во животот.
Муабето ми е…. Мисла водилка на некој извесен милионер за да стекни богатство му биле сто долари залепени на таванот од неговата спална соба.
Така секое утро батето си се разбудвало и се џарело во доларите, свесно или несвесно, не заборавајќи ја својата цел. Го добил и ферарито и многу ферариња после тО. Арно ама во оваа наша Вондерленд кај шо држиме континуитет и стандардот ни е е европски, а сутитуацијата афричка, ко ќе ти затребат чакати за леб или некое ракиче, (оти нели рековме алкохолот не ги смирва нервите, ама па млекото уште помалку), има да рипниш на таван со засил и да го снема тој доларо… Парите… за нецел сат бате.
…Инаку да. Не е ладно. Само вие не сте на Хаваи!
П.С. Ќе пишев уште, ама не читате! Само во рилсој ви е паметО!