Дојде времето овие од Италија да нејќат да стапнат тука оти скапо му било. Шо се дешава со цените во градО? Ко најскапа дестинација да станавме во светО. Сеа ќе почнат да се туркат новинарите, блогерите, инстаграмџиите и оние инфлуенсерите… Ќе се туркат кој попрво да напиши текст за градО наш. Битола-омилена дестинација на туристите. Не за друго, од кабадајлук ќе додјат. Oти такво име си прајме. А кај шо е скапо нели, најубо е. Хммм…
За то оти ова година е вистински спектакл и има новогодишна еуфорија во секое ќоше, глас да не слушнам, оти стварно е идилично. Али шо прајме со цените бе батиња? И ете ти го Сашо, едно црномањесто ниско дете, на Бричи Стефано првата радос: „Сине јас не знам батуле од кајмат сите пари тука? Туку дај да излезиме и ние на по едно а? “
Е од кајмат де. Сѐ си е то ок, има џинглбелс, има елки, има дедомразовци, коњи, к’нки, светулки, чуда… Ама шо прајме со стандардо? Со цените? И пак да заoкружиме…Ситуацијата ни е еврoпска, ама стандардо афрички. Туку, ко шо рече Сашо, од кај толку чакати бе луѓе? Али од пусти срам, и конти и брзи кредит и се ќе пробаш. Само да не делиш од друштво. Каде? После да те земат на удолу. Абе ќе излезиш и ќе пукниш бе! Со зајмени пари ако треба. Шо ќе прајме натаму ќе прајме. Денес да се крцка. Удри брате на весеље!
И влегваш в кафана, ѓом ресторан. Елитен. Ти прат филм оти многу ѕвезди имал. Сите фризуросани, стросани, синкир од Холивуд дојдени. Влакно да не му стрчи. Мириса на скапи парфеми, ланци, злата, „хај хилс“ и „урбана“ ципела… И по некој сат ја „прскат“ на микрофон: „Неки рекли би да порнографија…“ И ги гледаш овие истите, кремо од градО, буржоазијата, креват мишките, се фаќат за ора, скокат по маси и на цел глас ја пеат. Дрти денс тука да се вие…
За то колку е се феик да не прајме муабет, за суетата оти е во вис, не дискутираме, ама шо глумите со краватите, ко „чингерлака чикица“ ви е во душата? Од шо се срамите и колку ракии требат за да се отвори душичката? И најјакото, седнуваш во тој ист ресторан и не ти дават мени за алкохол, за сокој, винска листа. Па на Ајфелова в ресторан да седниш ќе ти дат мени бе. Да не речам, ама не се издржва: Занесени едни! Во кој филм живејте? Келнеро ти вика (дури надмено):„ Па јас сум винска листа. Јас ќе ти кажам сѐ шо треба.“
И фала Богу не ти кажва цени оти фактО оти ти само шо си го пречекорил праго и си овде, во та нивната „буржоаска“ кафана, е доволен оти ти ко ќе прашваш: „Шо вина имате“, не те интересиратчакати.
Туку едноставно сакаш да се понашаш со некое савињон бланк… Или вино директно од Франција од тие визбите и лозјата донесено, од прва рака. И така те фаќа то незгодното да прашаш за пари, а овај демек јакиО трговец ти прај филм оти прсти да излижиш ти е виното и нема да згрешиш. Порачваш тиро салата ти дават две топчиња (од ние малите калапчиња за сладолед). Порачваш даска, три зрна сирење, сос на средина и по некои танко сечено кашкавалче и саламче (ко за гости).
Оди бе бегај таму…Идење цехо, да ти е кеф само да се потпишиш на сметка и сам в затвор да заминиш оти си избегал од меаната и не си платил. И ај шо ќе одиш бе затвор пример да речиме, (оти да се разбериме – ти ќе ојш, не ќе оди некој шо треба. Тој остај го другио, татко владика има), али пак ненајаден ќе бидиш. Барем да ти се исплати. Абе никако не е.
Да не прајме муабет за другите слатки задоволства шо некогаш беа нормални, денес се луксуз.
Игротеки – Епа сеа ако сакаш молим лепо толку е. Нема поефтино. Те условува за два сати толку пари, не можи за еден сат, пол сат… Демек од старт да си знајш оти ова е луксуз и е само за богатите. После не ги учете децата да прат поделби. Режија?
Пивце на кафич Широк Сокак или околината: Синкир Наполи си или Капри, Позитано со Моника Белучи густираш…
В маркет: Eдно пиши на рафтојте, друга е работата на каса со цените. И се знај цените се исти некои, али намалија на грамажа. А на инста сите среќни весели, журката пука.
Туку, дај пазете се со настинките оти не дај Боже по аптеки да почните. Свака час на фармацевтската индустрија. И олабајте тро со сликите и рилсчињата на социјални мрежи. Ќе ве почудат ќе треба после по бајачи или кај некој поп под мантија да сејте, да се барате, да ве пејат. Да не ви е на ум и таму крена цената. Еми ко можат сите, оти не и тие. Така си оди то. Рецесија.
И овие истите со „Неки рекли би да порнографија…“ шо ја слушат, ќе ги видиш натопорени 7 дена на одмор негде „ол инклузив“ ајкули да ти јаделе и октопод дирек од море шо ти го дават… Тука бе на маса пред очи ти го готват. Одморо фала Богу од пред месеци е резервиран, во најевтиното (а најевтиното не прашвај колку е). И се плаќа на рати, али муабето останва оти си јадел ајкула дури си се плажирал кај соседо одоздола и си го оптегнал знамето со краците на плажа. Никој да не смеј да те гибни или од кабадајлук стегната душата да ти е сите дена на одмор. Онака прицнат да си и на штрек цело време, ама нема море си е море и шо муабет без тие 7 дена, за шо лупаше цела година.
Туку… Шо се дешава со цените во градО?
Сите мислења, заклучоци и ставови во колумната се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk