Седум секунди за да оставите прв впечаток, вториот не се важи. Нашиот мозок прави илјада пресметки во првите седум секунди кога гледаме и запознаваме некого. Во рок од седум секунди, личноста спроти вас проценува дали сте допадлива, доверлива и компетентна особа.
Првите седум секунди кога запознаваме некого, можат да ве воздигнат или да ве скршат. И никогаш нема да добиете втора шанса за да оставите одличен прв впечаток. Затоа подгответе го вашиот изглед и поставете го на сцената на успехот. Make it Count!
Започнете со насмевка а потоа спојте ја со префинет говор на телото и комуникациска вештина. Додека ги спојувате овие три клучни моменти, имајте на ум една, единствена брилијантна поента која ќе ви помогне перфектно да ги усогласите трите клучни моменти. Таа се чита вака: „ Ако се подготвувате со визија на неуспех, вие се подготвувате да не успеете.“ Да појасниме: нема оправдување да не се подготвите за успех и пред да се ангажирате, потребно е да се ажурирате.
Без разлика дали ќе се сретнете со потенцијални „особи“ лично или виртуелно и говорот на телото игра важна улога. Исправена става и контакт со очи покажува искреност и доверба. На овој начин се задржува потенцијалот и ангажиран и фокусиран. И повторно, навратете се на насмевката која покажува самодоверба и дружељубивост.
Кога станува збор за комуникациските вештини и нивната употреба во првите седум секунди, е тоа е вистинска уметност. Психолозите советуваат, најдобро да се започне разговорот со прашања од отворен тип кои сугерираат понатамошна комуникација, а не крај на разговорот. Е тука е критичниот момент. И сето ова се прави со вежбање (Repetitio est mater studiorum) кое е толку силно што најпосле ја открива вашата вистинска природа со следните карактеристики: допадливост, доверливост и компетентност. Компетентноста од своја страна може да се однесува на повеќе аспекти од социјалниот живот и единствено се развива со едукација.
А кога се едуцираме?
Се едуцираме кога се информираме.
А кога се информираме?
Се информираме кога комуницираме.
А кога комуницираме?
Комуницираме кога ќе ни се „бендиса моабетот“.
А кога ќе ни се „бендиса моабетот“?
Кога ќе поминат првите седум секунди, а разговорот се уште течи како „подмачкан“.