Петар Горко, брилијантниот актер чие име заслужено стои запишано со златни букви во историјата на македонскиот театар, е новиот гостин во YUGO.
Петар Горко е еден од најталентираните актери, со небројни претстави, театарски проекти и извонредни приказни зад штиците што живот значат. Човек кој живее со полни гради, комплетно искрен, автентичен, често носталгичен и човек кој ја открил својата животна формула: „Да останеш достоен во негувањето на детето во себе.“

Во YUGO, актерот раскажува дел од својот кариерен пат, искуствата и открива неколку приказни што неминовно измамуваат насмевка.
За добро расположение и убава енергија, погледнете ја најновата епизода на Мими Марковски „YUGO“… И ѕирнете што се крие зад театарската завеса.
