Васко Ташковски со најновото творештво пред битолската публика во Галеријата „Ранко Струмениковски“

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски ” во Битола НАЈНОВОТО ТВОРЕШТВО НА СЛИКАРОТ ВАСКО ТАШКОВСКИ ПРЕД БИТОЛЧАНИ Исклучителен уметнички настан се случи во Битола со отворањето на ликовната изложба на Академик Васко Ташковски кој премиерно се претставува со 30 слики создадени во последниве неколку години. Галеријата ,,Ранко Струмениковски” беше претесна за сите заинтересирани љубители на уметноста на свеченото отворање на кое присуствуваше лично авторот Академик Васко Ташковски.

За ликовното творештво свои видувања и осврти имаа д-р Драган Ристевски, галерист, д-р Тања Струмениковска – Ристевска, д-р Кирил Јовановски и кустосот советник Владо Ѓорески,а на присутната публика им се обрати и авторот Васко Ташковски кој во емотивниот говор истакна дека оваа изложба му ја посветува на својот школски и студентски другар и колега, уметникот Ранко Струмениковски.

На свеченото отворање, на пијано настапи и младиот Симеон Мицковски со композицијата ,,Свечен валцер” од Дмитриј Шостакович. Изложбата ќе трае во текот на мај до средината на јуни годинава.

[post_tags]