Инклузија преку креативност – Хуманитарен настан во Битола

Здружението „Невроразлични“ од Битола организира хуманитарен базар кој ќе се одржи денес, на 18 април 2026 година, во просториите на Горно Веро, во периодот од 11 до 17 часот. Настанот има за цел да ја поттикне свеста за инклузија и да обезбеди поддршка за децата со невроразличен развој.

На базарот ќе учествуваат неколку креативни и општествено одговорни иницијативи и брендови. Меѓу нив се: softskin.mk, BioGo, „Во светот на Гоц“ и „The Art World of Veljo – Шарена приказна“, кои ќе ги претстават своите производи и ракотворби.

Посебен акцент на настанот во организација на здружението „Невроразлични, ќе биде изложбата на цртежи и слики изработени од најмладите учесници. Истата ќе биде во рамки на активноста „Инклузија преку игра“. Овие дела ќе бидат достапни за откуп по симболична цена. Симболична, согласно желбата на купувачите, со што посетителите директно ќе придонесат кон поддршка на креативниот развој на децата.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да го посетат базарот. Да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и да бидат дел од една позитивна приказна која ја промовира инклузијата, креативноста и заедништвото.

[post_tags]