МИХАЈЛОВСКИ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИЦ БИТОЛА

Димитар Михајловски е новиот директор на ЈОУ КИЦ Битола. Михајловски е
роден во Битола на 20 февруари 1977 година, средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ од Скопје, на факултетот за филмски уметности при што се стекнал со стручен назив филмски уметник – продуцент.

На раководната позиција во ЈОУ КИЦ Битола, Димитар Михајловски, доаѓа од
НУ Народен Театар Битола. Во своето повеќе од 20 годишно работно искуство бележи реализација на голем број проекти, каде се јавува како продуцент и организатор на бројни театарски, филмски, музички и други
културни настани.

[post_tags]