Виножито снимено од авион – Пилотот не му поверувал на своите очи

vinoyito виножито

Виножито снимено од висока точка како авион, има форма на цел круг. Овој природен феномен се протега надвор од полукружниот лак што го гледаме од земјата.

Виножито снимено од висока точка како авион има форма на цел круг

Пилотот од итната спасувачка служба од Австралија го снимил виножитото од авион и не му поверувал на своите очи! Виножито во форма на цел круг. Се создал впечаток на апстракна уметничка композиција. Тешко е да се поверува дека дека природните феномени  перцепирани од земјата, не ја даваат својата вистинска форма и големина, а можеби и содржина! Во иднина не би не изненадило ако и боите на виножитото набљудувани од висока точка, не се истите тие како што ги знаеме. Тема за дилема!

Шегата на страна, виножитата се всушност полни кругови. Обично го гледаме само лакот затоа што земјата и хоризонтот го блокираат остатокот од кругот(стои во описот на сликата на Фејсбук)

Ах тие физички закони! Колку повеќе не знаеме за нив, дотолку повеќе ќе се чудиме и нормално! Како да не се запрепастуваме, кога од перспектива на  земјата и не е сѐ така како што изгледа.

извор: