На 7 мај, во Центарот за култура, ќе се одржи свечен концерт по повод 30-годишниот јубилеј на СИДО. Овој концерт ќе донесе на едно место музика, спомени и емоции, и ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ги доживее песните со кои израснаа многу генерации.
Јубилејното издание носи особена вредност, бидејќи на сцената повторно ќе настапат оригиналните изведувачи на најпознатите песни од СИДО, кои по многу години повторно ќе ги изведат хитовите што оставија длабока трага во музичкото растење на децата од повеќе генерации. Концертот ќе се реализира заедно со Оркестар DIVA, што на целото музичко доживување ќе му даде дополнителна сценска моќ и израз.
Што го прави овој настан посебен?
Фактот што некогашните детски изведувачи денес повторно се враќаат на сцената како возрасни луѓе, за да ги испеат песните што ги изведувале кога биле деца и настапувале на СИ-ДО. Некои од нив денес се професионални музичари, други избрале сосема поинакви животни професии, но кај сите останала истата искрена љубов кон музиката и истата емоција што овие песни ја носат со себе.

Публиката ќе има можност повторно да ги слушне и заедно да ги запее безвременските хитови што и денес живеат во колективната меморија како што се:
„Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, “Софи, Софија“ и многу други композиции што станаа препознатлив дел од детството, младоста и семејните спомени. Тоа се песни што речиси сите ги знаеме, песни што останале да живеат и надвор од фестивалската сцена, прераснувајќи во вистински музички белег на едно време.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со носталгија, силни емоции и квалитетна музичка изведба, во која ќе се спојат минатото и сегашноста. Настанот не само што ќе го одбележи 30 годишното постоење на СИ-ДО, туку и ќе не потсети дека музиката има моќ да поврзува генерации, да буди спомени и повторно да создава заеднички моменти за паметење.
Концертот на 7 мај претставува ретка можност за сите оние што пораснале со песните на СИ-ДО повторно да ги почувствуваат во живо, но и за најмладите да ја запознаат музиката што со децении останува сакана и актуелна.
Музиката што не старее, повторно ќе оживее на сцената.
Карти во продажба на yournextevent.info , во Тобако Димпо и на билетарница во Центар за култура, Битола.
