Неодамна од печат излезе најновата поетска збирка на Даниела Андоновска Трајковска под наслов „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на себе“ во издание на „Перун Артис“ од Битола.

Даниела Андоновска Трајковска е поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, уредничка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Авторка е на Авторка е на 18 книги на македонски јазик (поезија, проза, книжевна критика, научна литература) и 8 книги објавени во странство и тоа на англиски, арапски, италијански, романски и полски јазик во САД, Индија, Романија, Италија, Полска и Обединети Арапски Емирати.
Се занимава и со книжевен превод, а дел од нејзината поезија е преведена на 40 јазици. Добитничка е на наградите: „Ацо Шопов“ (ДПМ), Празник на липите (ДПМ), „Крсте Чачански“ за проза, Караманов 2019, меѓународната поетска награда „Носиде“, „Михаи Еминеску“ 2023 (Меѓународна академија „Михаи Еминеску“ Крајова и Европската академија на науките, уметностите и хуманистичките науки) и др.
„Книгата поезија „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на себе“ на писателката Даниела Андоновска-Трајковска е поетско-филозофска авантура со една екстравагантна поезија со необичен и уникатен пристап, длабоко филозофска, а истовремено разбирлива, неоптоварувачка,
извонредно креативна и инспиративна… Оваа филозофска поетска збирка структурално многу мудро стокмена во расправа има книжевно-лечебна функција. Тоа го чувствувате со секој стих кој набабрува во вас и ви предизвикува духовно прочистување, така што оваа поетеса ни се наметнува
и како книжевна појава која променувајќи го својот lege artis препознатлив стил, навлегува во рефлексии, специфични, дури и уникатни. Рефлексијата што ласерски ни ја вовлекуваат во духовниот хабитус овие стихови, некако како да се озаконуваат во нас за да ни се појават како животно искуство, всушност, она
на што и инсистирал и самиот Сократ, целата оваа конверзација наликува на одамна кондензирана конституанта претворена во книжевен производ…
Конечно, оваа необична поетска збирка во своите подлабоки слоеви ја открива грубата феноменологија на човековиот дух…
Ништоста, која дваесеттиот век ја познавал како мода и зачудност, во овој, дваесет и први век е епика, сознание за црна присутност која во оној момент кога ќе постане минато, можеби човекот ќе почне сè од почеток, ако сè уште го има на земјината топка.

Онтолошкиот апаратус на сите овие стихови, т.е. резимето од конверзацијата со читателот кој истовремено е и писател многу продуктивно ја споменува глупоста – таа е следната станица за обликувањето на едно друго време кое допрва треба да дојде, но нашата поетеса ни наметнува дека сите
духовни патишта веќе не се проодни, некогаш треба и качување по
фантазмагоричните планини и дека тој пат е тежок и неизвесен… “.
Поетската збирка „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на
себе“ е дел од едицијата „Брегови“ на издавачката куќа „Перун Артис“ од од Битола.
Даниела Андоновска Трајковска е поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, уредничка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Авторка е на Авторка е на 18 книги на македонски јазик (поезија, проза, книжевна критика, научна литература) и 8 книги објавени во странство и тоа на англиски, арапски, италијански, романски и полски јазик во САД, Индија, Романија, Италија, Полска и Обединети Арапски Емирати. Се
занимава и со книжевен превод, а дел од нејзината поезија е преведена на 40
јазици. Добитничка е на наградите: „Ацо Шопов“ (ДПМ), Празник на липите
(ДПМ), „Крсте Чачански“ за проза, Караманов 2019, меѓународната поетска награда „Носиде“, „Михаи Еминеску“ 2023 (Меѓународна академија „Михаи
Еминеску“ Крајова и Европската академија на науките, уметностите и хуманистичките науки) и др.
„Книгата поезија „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на
себе“ на писателката Даниела Андоновска-Трајковска е поетско-филозофска
авантура со една екстравагантна поезија со необичен и уникатен пристап, длабоко филозофска, а истовремено разбирлива, неоптоварувачка, извонредно креативна и инспиративна…
Оваа филозофска поетска збирка структурално многу мудро стокмена во расправа има книжевно-лечебна функција. Тоа го чувствувате со секој стих кој набабрува во вас и ви предизвикува духовно прочистување, така што оваа поетеса ни се наметнува и како книжевна појава која променувајќи го својот lege artis препознатлив стил, навлегува во рефлексии, специфични, дури и уникатни. Рефлексијата што ласерски ни ја вовлекуваат во духовниот хабитус овие стихови, некако како да
се озаконуваат во нас за да ни се појават како животно искуство, всушност, она
на што и инсистирал и самиот Сократ, целата оваа конверзација наликува на
одамна кондензирана конституанта претворена во книжевен производ… .
Конечно, оваа необична поетска збирка во своите подлабоки слоеви ја
открива грубата феноменологија на човековиот дух… Ништоста, која
дваесеттиот век ја познавал како мода и зачудност, во овој, дваесет и први век
е епика, сознание за црна присутност која во оној момент кога ќе постане
минато, можеби човекот ќе почне сè од почеток, ако сè уште го има на земјината топка.

Онтолошкиот апаратус на сите овие стихови, т.е. резимето од конверзацијата со читателот кој истовремено е и писател многу продуктивно ја споменува глупоста – таа е следната станица за обликувањето на едно друго време кое допрва треба да дојде, но нашата поетеса ни наметнува дека сите
духовни патишта веќе не се проодни, некогаш треба и качување по
фантазмагоричните планини и дека тој пат е тежок и неизвесен… “.
Поетската збирка „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на
себе“ е дел од едицијата „Брегови“ на издавачката куќа „Перун Артис“ од Битола.
ПР текст
