Најнова соработка на КОД 369 и Паркети – „Vode nas svjetla“

„Vode nas svjetla“ е најновиот видео запис соработка помеѓу КОД 369 и Паркети. Песната е наменета за целиот регион. Објавена е со пооддршка на Кроација Рекордс и емитувана на нивните медиуми со премиера на ЦМЦ телевизија.

Најнова соработка на КОД 369 и Паркети - „Vode nas svjetla“

Се работи за песна во инди-поп стил и раскажува приказна за претстојниот летен период во кој ќе се случуваат многу авантури, симпатии и случајни средби кои имаат потенцијал да се претворат во долготрајни другарства и љубови.

Музиката е на Сашо Паркет, текстот е на Ирена Димовска, а аранжманот е на Даниел Митревски и Сашо Паркет. Музиката е снимена во студиото Ателје на Даниел Митревски. Видеото е на Дејан Трајчевски – Ендорс Продукција. Светло мајстор е Никола Георгиевски, шминка Ксенија, а локацијата е Центар за култура – Битола.

Изведувачите истакнуваат голема благодарност до директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, како и до Амир Бахтијаревиќ и Мирна Шкргатиќ.

Видео записато и песната може да ја слушнете тука.

[post_tags]