Сандра Булок по Бред Пит – на мета на измамници!

Сандра Булок по Бред Пит – на мета на измамници!

Сандра Булок по Бред Пит – на мета на измамници! Светот сè уште не ја заборави приказната за жената од Франција која поверувала дека е во врска со Бред Пит – а сега , на удар се најде уште една жртва од популарните имиња!

Сандра Булок, познатата актерка (60) во ретко јавно обраќање предупреди дека криминалци лажно се претставуваат како неа, мамејќи луѓе да им испраќаат пари.

„Длабоко сум загрижена за безбедноста на моето семејство и за луѓето кои се измамени, а секој што тврди дека е Сандра Булок – лаже!“, изјави таа за магазинот „People“.

сандра булок

„Првата што ја алармираше јавноста беше нејзината сестра, Гесине Булок – Прадо (54), која откри дека секојдневно пријавува лажни профили. „Луѓе ми испраќаат пораки верувајќи дека се во врска со мојата сестра. Некои дури испратиле илјадници долари! “, напиша таа, прикачувајќи слики од лажните профили.

Поучени од овие случаи, останува едно правило: кога славна личност ви пишува онлајн – најверојатно не е таа!

извор

[post_tags]