Здружението за унапредување на социо-економскиот живот и животната средина СЕМАК од Битола, со поддршка од Министерството за еконoмија и труд во соработка со повеќе експерти, организираат еднодневна работилница. Истата ќе биде на располагање на компании те од Пелагонсикиот регион.
Работилницата носи наслов Остварување зелена економска иднина ГРЕЕН ПЕЛАРЕГ
На располагање на компаниите за сите прашања и конкретна соработка, експертите обезбедија термини за директни средби за секоја заинтересирана компанија како посебен случај.
Работилницата ќе се одржи на ден 07.02.2025 година. Во петок со почеток од 09.00 часот, во Прилеп, во просториите на Регионалната комора Прилеп. Истата е од отворен карактер за учество на сите заинтересирани претставници на компании.
Работилниците се одржуваат во интерес на компаниите со цел справување со актуелните предизвици од апсект на поттикнување на циркуларна и зелена економија во компаниите во Пелагонискиот Плански Регион и подготовка на компаниите за учество на програми за кредитирање и финансиска поддршка. Како и преглед на законските обврски и хармонизација на регулативите со ЕУ.
„Циркуларната економија функционира поинаку од она што досега сме го научиле за производството воопшто, познато како линерано производство. Како да се планира и практицира производство на продукти со поголема трајност и повеќенаменска примена, да се рационализира системот на технологии и стандарди при производството, да се применат зелени енергии, технологии кои нема да создаваат отпад, примена на автоматизација, дигитализација, се со цел да се постигне одржливост, тенденција кон нула загадувања и додатен профит од иновации и заштеда.“- појаснува претседателката на СЕМАК, М-р Клаудија Лутовска.
Компаниите за да транзитираат и да се трансформираат, на располагање имаат голем број на финансиска поддршка од најразлични фондови и банки. Постојат и приватни фондови и буџети кои ја даваат поддршката за ваков тип на инвестиции.
На работилницте се очекува да се поттикне интерес за соработка… Подетална информираност и нов пристап на решенија кон технологии и иновации со кои ќе се исполнат моделите за трансформирање и транзитирање на компаниите кон циркуларната економија.