Lamborghini Egoista со цена од само 113 милиони евра! Овој автомобил, создаден во 2013 година за да ја прослави 50-годишнината на брендот, наводно е продаден за неверојатни 117 милиони долари, што е околу 113 милиони евра.
Lamborghini Egoista со цена од само 113 милиони евра!
Колку пари би дале за уникатен суперавтомобил кој изгледа како да доаѓа од иднината? Lamborghini Egoista е токму таков – единствен модел што комбинира врвен дизајн, напредна технологија и неповторлив стил. Информациите за неговата продажба ја разбранува јавноста, но дали навистина вреди толку?
Така барем тврди страницата „wealth“ на Инстаграм. Објавата од 11 јануари 2025 година има над 100 000 лајкови и е споделена повеќе од 10 000 пати.
Веста е пренесена на блогови и медиуми. Но, дали оваа информација е веродостојна? Во секој случај, објавата не дава докази или релевантен извор за неверојатната продажба на Lamborghini Egoista.
Egoista е импресивен единствен примерок претставен во 2013 година.. Врз основа на Lamborghini Gallardo“, дизајнерот Валтер де Силва создаде спорски автомобил кој повеќе наликува на воен авион отколку на класично возило. Сериско производство или дури и многу ограничена серија никогаш не била планирана.
Како што сугерира името, „Egoista“ е единствен со само едно седиште. За да се влезе во него, се крева целата купола на кокпитот, слично како кај борбрните авиони. Внатрешноста на Egoista вклучува тркачко седиште со ремен во четири точки, а контролната табла е дизајнирана да биде едноставна и функционална, надополнета со „head-up“ дисплеј.
Назад се наоѓа легендарниот 5,2-литарски V10 мотор од „Gallardo“, чија точна моќност не еобјавена, но се проценува на околу 600 коњски сили. Иако автомобилот е во состојба за возење, тој не е легален за пат бидејќи е концептно возило.
Дали цената е реална?
Познато е дека „Egoista“ беше продаден на почитуван колекционер на „Lamborghini“, но цената никогаш не беше официјално објавена. Цената од 113 милиони евра делува астрономска, но не е невозможна со оглед на бројот на мултимилијардери во светот денес.
Сè додека не се појават сигурни извори кои ќе ја потврдат цената, остануваме скептични.