Во „Југото на Мими“ шо никогаш не знајш дали појќе вози или изненадва, гостуваше магистерот по оперски студии – Полина Тасева. Од старт, ни станва јасно дека Полина нема мерак да биде професор. „Сакам да бидам на терен, Мими!“ – му вели со жар. А Мими како и секогаш, со спремна анегдота: „Јас еднаш во Австралија, во казино, слушнав оперска пејачка! А кај нас? Опера во кафана – не се дешава!“
Полина Тасева во југото ни откри дека кога пее опера, чувството е толку возбудливо шо едноставно „се губи во музиката“. Оперската уметност бара дисциплина, а нејзиниот глас опфаќа цели 3-4 октави – да не ти се верва! Покрај музиката, Полина цртала, на шо Мими шармантно додава: „уметничка душа, ете то си ти!“
Дури си течи муабето, атмосферата во „Југото“ се загрева. Полина го слеква палтото. Мими не пропушта шанса: Сè бери во Југото, а? Види, Југото трпи се“! Шо немам праено во него…“- со широка насмевка.
Полина е од Струмица, а кога Мими чита коментар дека форсирала српска музика, таа мудро одговара: „Ја сакам српската музика, ама треба да ја форсираме нашата. Турбофолкот не ми е по мерак, ама Маја Оџаклиевска – тоа веќе е нешто!“
Кога станва збор за класика, Мими вели: Унгарски танц број 2!. „Класиката е секогаш вредна“. – се сложват двајцата.
Иако во последните два – три месеци немала глас, Полина, се враќа со полна пареа. Мими, со својата добро позната поддршка, ја охрабрува: „Не се секирај, професорка ќе бидиш!“ Полина, пак, со својата ведрина додава: „Среќата сами треба да си ја предизвикуваме.“
На крајот Мими не заборава како започнала нивната комуникација: кликнала лајк на едно негово видео и Полина моментално е регистрирана во списокот на гости во неговото легендарно Југо. Замислете, без дополнителен шмек А? Еден лајк шо прај!“
Шо да кажваме, опера, хумор и едно незаборавно возење – само во Југото на Мими!