Огромен протест во Србија – за подобро образование! На 19 јануари 2025 година, низ Србија се одржаа масовни протести под мотото „Училишен час во последен момент“. Наставниците, со поддршка од учениците, студентите и граѓаните, бараат подобри услови во образованието.
Огромен протест во Србија – подобро образование!
Masovni protesti ne samo u Beogradu već I I Čačku, Nišu, Kragujevcu, Užicu, Kraljevu.
— Mari Mari (@MariMariBGDCHeb) January 19, 2025
Srbija se probudila.#Beograd #studentiublokadi pic.twitter.com/4H1OdXIHSk
Протестите се одржаа во Белград, Нови Сад, Краљево, Чачак, Ужице, Крагуевац и Ниш. Наставата беше прекината на 45 минути – симболично времетраење на еден училишен час. Настанот започна со 15 – минутно молчење во чест на жртвите од трагедијата на Нови Сад, каде што на 1 ноември загинаа 15 лица при уривање на бетонска настрешница.
На протестите во Бекград беше прочитано писмо на поддршка:
„Наставниците не се сами – нивната борба е и наша борба.“
Наставниците повикаа на итни реформи, нагласувајќи дека без квалитетно образование нема иднина за младите.