Познатиот музичар Тони Зен, се враќа на сцената со ново музичко парче. Во негов препознатлив стил, Тони Зен се претставува пред јавноста во малку поинакво светло. Во неговото ново музичко парче „Ел падрино“, веќе докажаниот национален музички херој, зборува за почитта помеѓу новите и старите генерации, почит која по се изгледа одамна е изгубена. Зад текстот на песната „Ел Падрино“ се потпишува самиот тој, додека пак музиката и аранжманот се на Иван Костадинов.
„Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа за ова да се реализира, потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов. Видеото го снимаше Влади, кој беспрекорно се посвети на ова, музиката ја џитна единствениот Smoke Panda, кој ме внесе потполно во овој бит, за да текстот потоа, сам си излезе од мене“. Респект за актерот Томе Станковски, кој одлично ја пренесе емоцијата на човекот “десна рука” на Ел Падрино, исто така и за сите кои беа статисти, неверојатно ја завршивте работата сите, ние не глумиме, ние живееме“, изјави Тони Зен, па додаде:
„Младите артисти некако ја изгубија почитта кон постарите, а постарите пак не ги признаваат младите и се така во круг. „Ел Падрино“ ќе ги потсети сите луѓе за оние изгубени вредности и почитта, кои ги немаме, а кои се многу важни во ова секојдневие“.