Атлетскиот клуб ОЛИМП го заврши првиот дел од сезоната шампионски

Викендов, во Скопје се одржа Државното првенство за младинци/ки. Двете наши атлетичарки Дарија Крстевска и Антониа Крстевска се враќаат со 4 медали. Во дисциплината 1.500 метри Дарија го освои 1 место, додека Антониа го освои второто место. Следниот ден, во дисциплината 800 метри, уште еднаш двоен пиедестал за АК ОЛИМП.

Дарија Крстевска го освои и вториот златен медал овој викенд. А Антониа Крстевска ѝ се придружи на подиумот со освоено трето место и тоа во дисциплина во која обично не се натпреварува, што го прави овој нејзин резултат уште позначаен. „Горди сме на успесите на нашиот атлетски клуб и на оваа нова генерација на таленти кај кралицата на спортовите по која Битола е позната, децении наназад.

ОЛИМП
ОЛИМП

Возобнувањето на АК Олимп е една од најдобрите работи кои ѝ се случија на Битола… Повторно да нижиме успеси во атлетиката.” – истакна тренерот Демир Даутовски кој е познат по откривање и работа со млади атлетичари.