Бутик за коса – СТУДИО М, место во кое стилот и удобноста се спојуваат.
СТУДИО М е вистински бутик за коса во кој секоја жена би се чувствувала совршено. Следејќи ги светските трендови, овој фризерски салон е во чекор со времето нудејќи брендирани препарати за коса, совршена нега и поинакви стилски решенија за уникатен шик и тренди изглед.
Во СТУДИО М, можете да ја добиете и токму онаа боја на коса која одамна сте ја посакувале. Затоа што во тој час, вие сте во рацете на врвни стилисти кои ја градат оваа приказна за убавината во срцето на битолската чаршија. Во оваа озаза на убавината, се работи со турбо брзина и ефикасност, а секој клиент е посебен и екипата успешно ги надминува индивидуалните очекувања со секоја посета.
Студио М – урбан простор и место од кое на заминување, секогаш заклучуваме: Косата е деликатен накит што додава допир на луксуз.
Подарете си момент на уживање. Вашата насмевка е најголема награда за тимот на СТУДИО М.
Комерцијален текст