Google со инвестиција од 100 милијарди долари во Вештачка Интелигенција!

инвестиција

Во новата ера на технолошки иновации, Google ја започна својата амбициозна визија за вештачка интелигенција со исклучителна инвестиција од над 100 милијарди долари.

Демис Хасабис, водечка фигура во бизнисот со вештачка интелигенција на Google, ова го најави на конференцијата TED (Technology, Entertainment, Design). Истата привлекува уметници, научници, бизнис лидери и други влијателни личности од различни области. На ТED конференциите, говорниците даваат кратки, инспиративни и информативни презентации на теми што вклучуваат технологија, забава, дизајн, наука, култура. Презентациите се обично организирани во формат на ТED Talks. Говорниците имаат околу 18 минути да го претстават своето идејно дело, идејата или искуството што го имаат со заедницата.

Во текот на годините,  ТED конференциите добија форма и содржина на глобално движење со истакната присутност на интернет каде што ТED Talks се достапни за гледање на милиони луѓе низ светот преку онлајн платформата ТED.com.

Од аспект на она што се случува денес и во врска со инвестицијата на Google во вештачката интелигенција од 100 милијарди долари, Демис Хасабис истакна дека ова е историска инвестиција. Истовремено ќе го засили позиционирањето на Google како лидер во полето на усовршување на вештачката интелигенција.

Alphabet има предност во компјутерската моќ според конкурентите. Токму тоа ја прави компанијата подготвена да го превземе предизвикот за постигнување на општа вештачка интелигенција (AGI).

инвестиција

АGI е способна да разбере. Да учи и решава конкретни задачи. Како и да учи од искуството… Да се адаптира на нови ситуации и да создава нови начини на решавање на проблеми, слично на човековиот интелект. АGI е целокупно разбирање и интелигенција која може да функционира во различни контексти.

Веста за инвестицијата на Google со 100 милијарди долари во вештачката интелигенција ги засилува очекувањата дека Google е на пат да го промени начинот на кој ги користиме технологиите во овој наш свет. Со ваква впечатлива инвестиција, компанијата ја потврдува својата амбиција за постојано иновирање и создавање на револуционерни решенија.

Светската заинтересираност за оваа вест покажува дека комунитетот е отворен за примање на напредни системи за вештачка интелигенција . Ова секако ја засилува вербата дека иднината е во интелигентните технологии дури и кога тоа значи да ги превземеме ризиците и да ги надминеме пречките.

Извор