Александра Шијакоска во на Мими југцето: Детали за успешната приказна, успехот и претрпената операција

Шијакоска Мими

Епа дојде редот и на инфлуенсерите да влезат во југцето. Во југото на Мими овој пат се повози Александра Шијакоска, навистина позната инфлуенсерка со извонредна визија и секако модна култура на која стварно никој не останува рамнодушен.

Шијакова Мими

Шијакоска се отвори пред камерата на Мими и ја раскажа својата бизнис приказна. Како се креира идејата или дали можеби се започна случајно. Иначе многу јако е шо Шијакоска се плашела и имала трауми од вакви „олтајмерчиња“, застави и слично… Трауми од југо, фичо… Се некако тој мирис и е останат до денес, а секако тоа потекнува од детството. На ова, мораме да се согласиме оти можда сите сме до негде „алергични“ на таа би ја крстиле „ЈУ“ миризба.

Мене барем југо, сто едно или фичо ко шо рече Шијакоска во на Мими југцето, ме потсеќа на: лето + 40 степени + спидо +плус еден на еден во него. Релација: Секако фамозната – Битола – Претор (прекутрупа). Ама ко ќе видиш и не беа то лоши деној, ами најсреќните кога единствено шо ти пречеше во живото, беше само звукО и мирисо на фичото. Бавното возење уствари имаше поента и не знам оти ко мали стално пеевме по патот. Демек мораше некоја песна да се испеј за побрзо патот да поминел.

…Иии фала Богу се зазборавме.

Ама шо да прајме кога гостинката не врати во некое минато кое мора да признајме оти сите потајно си го бараме. Е сега шо е убото за нашата Александра. Па тогаш немаше телефони и изгледа и се посреќило шо се роди во ова време. Мајтап на страна, оваа девојка е нашиот фаворит и се радуваме и дивиме на на нејзината професионалност, односливост, искреност. Секако штом е во југото на Мими мора да е убав чоек.

Физички и секако со убава енергија, креативни муабетчиња и многу многу позитивна енергија и покрај сето она што го поминала. Иначе во јавноста е добро познато дека Шијакоска издржа операција на тумор на главата, но она што сите ги фасцинира е нејзината храброст да го издржи сето тоа. Нејзиниот пристап кон оваа тажна реалност и нејзината моќ да се бори кон она што го сака. Волјата и надежта во Бога, уште еднаш докажаа дека се оние нешта кој го будат најубавото во нас

Александра Шијакоска во југото на Мими. Девојка со нескротлив апетит кон убавото и позитивното. Оптимист и пример за човек кој умее како до успехот. Скромна, креативна и секогаш насмеана. Тантарапантара пак се замуабетивме. Видете си во видеото и уживајте во уште една емисија на YUGO.