Интелигенција без филтри – осум знаци на интелигентните кои не знаат да лажат
Интелигенција без филтри! Постојат осум знаци на интелигенција кои не знаат да лажат! Ќе ви помогнат да правите разлика помеѓу оние кои се навистина интелигентни и оние кои се обидуваат да изгледаат така. Дали за вашето дете или за вас самите, овие осум знаци се реални показатели за вистинска интелигенција:
1.Незапирлив апетит за учење –Интелигентните луѓе секогаш се радуваат на учењето и истражувањето, без ограничување на темите или времето.
2.Поедноставување на комплицираното – Вистинската интелигенција се покажува во способноста да се поедностават сложените концепти, не во комплицирањето на работите.
3. Смисла за хумор–Интелигентните луѓе не само што прават шеги, туку и ги користат со интелигентна цел да ги забавуваат луѓето околу нив. Најчесто користат шеги на своја сметка. Во ниту еден случај не упатуваат шеги на нечија адреса, тенденциозно. Не дозволуваат „другата страна“ да биде навредена или повредена.
4. Брзо учење–Способноста за брзо разбирање на новите концепти како и нивна примена, без претходно оптоварување е белег на интелигентните луѓе.
5. Самосвест–Разбирање на себеси, своите вредности и влијанието врз другите се додадени белези на вистинската интелигенција.
6. Гледање на неуспехот како можност за учење–Интелигентните луѓе го гледаат неуспехот како шанса да се подобрат и да се научи нешто ново.
7. Лесно решавање проблеми–Способноста, брзо и ефикасно да се решаваат проблемите е карактеристика на интелигенција.
8. Нема простор за досада–Интелигентните луѓе секогаш наоѓаат начин да го стимулираат својот мозок, дури и кога нешто е сосема обичо.
Овие знаци не можат да се лажираат, покажувајќи дека интелигенцијата е нешто што се изградува преку постојано учење, размислување и изразување.