Една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica доаѓа во Скопје. Имено, бендот ќе го отвори 26тото издание на Таксират Фестивал! Во продолжение, еве што нагласија од организацијата:
„Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “. Во Скопје ќе бидат гости на 29-ти ноември во „Борис Трајковски“. Спојувајќи ја класичната музика со хеви мета, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!
Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања. Секако, резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале:
Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer) , Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen ( Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier( Three Days Grace) , Gavin Rossdale,( Bush) и многу други. Влезниците за отварањето на Таксират, ќе бидат во пуштени во продажба од петок vo 10:00, преку продажната мрежа на MkTickets.“