Колумната подолу, (тогаш за друг веб сајт, насловена како,, Велигденско сако и ципела нова”, е од архива од пред едно 7-8 години, али ваљда и не се Ногу менати работите… Ете како таа звучеше:
,,Велигден! За многу години да ни е! Ама она шо се изнадеси по корзото некни, кои ноџиња го испогазија, со проштење али и кадро и некадро! Велигденско расположење на Широк Сокак во кабадајски брич ,,стајл”.
Ако не се излезени од дома, ако еднаш годишно излегват со новите челиња и ги газат плочките и седнуват по ресторани, не значи дека треба да се некултурни. Изгледа се обратно прајме.
Еј, едвај се чека да дојди то дванаесет да чукни и сите во тикви да се претвориме, па како вистински христијани да се стокосаме од пиење. А утредента, после долгиот пост или можи и не, удри на јагнешкото! То е! Се нема пари се нема батуле!
Однесувањето и уствари не заслужва муабет. Прв пат клал сако типот во животО и ѕверски и кабадајски му се понаша на келнерот, на луѓето околу него, на чупите, ги потштипнува, части! Нормално со парината на мама и на татичко! Или пак, пресно е дојден од Германија и сеа се чалами со парите шо ги заработил дури му играл чочези на метлето и џогеро таму. Фала Богу, тука се фали оти таму работи по струка и сите улај се прат дека не знат оти е чистач. Во „име“ на велигденски дух, сите се среќни. И тој оти ги лажи и тие оти мисли оти му верват.
Низ улицата ни „Биди Виден“ продефилираја и такви момиња, шо уствари стварно се немаја видено во огледало, али вистина во тренд беа. Прицнати, стегнати, на трико, сако, штрас, Кулакопка и СРЕЧЧЧ! Салојните излезени, разлеани, да се таласа модерната манекенка!
Оние пак, „инфлуенсерките“ со селфињата, ни празник видоја ни јајца ни ветришта. Замрзнати цело време за да испаднат убо на слика. Велигденско расположеЊе и да пука играта со едно 5-60 слики. Да се траштат кај се шо се, да се тагнат, за да испадни ко шо треба работата со лајкојте!
Домачици сите и ова година вистина! Браво! Каква фарба му акнавте на јајцата, ги вапцавте, стилски ги стросавте на фејсбук… за мерак. Кај ќе знаевме ами ако не ги сликавте, та јајцата та софрите, та детергентите, та децата со пуфки, без пуфки, со стегачи, панделки… И ако батето напрајло 40 години, уште ове мамичките по некоја стотка му дават за чаламење на Корзо. И секако му купват сакме на саркони, најново! За Велигден, ко шо е редо. Нема предавање.
Да си се прекрстиме и па да си речиме, Господ на помош да ни е! За многу години!”
… Па и денес е нешто слично. Велигденски сите растрчани по јагниња и брзо заборават на пости и немаштија. На Широк Сокак пак тој другаро со сакото е акнат од јутра до сутра, а жените уште споделват фотки од јајцата. Самооо… понапнато е ради изборите. Ко ќе видиш ни то се нема менето. Ангеле – мангеле. Партиски книшки, тепачки за вработвање, врски безврски, сендвичиња, револуции од зад тастатури. А колку од нас напрајле нешто хумано, нешто културно, нешто толку одважно ко шо старите градски луѓе не учеле? Шо беше Велигден на времето? Ни ќе не биди ни ветришта, туку нека не има предвид Господ да клај една рака тука оти не брка работа само то сакмето на Саркони (од Али Експрес од некој кинез тро износено)!
П.С. Текстот не расправа за то оти не треба да славиме, ами за културата, етиката, бонтонот… До кај сме со та работа или послабо?
Колумните од рубриката „Битолски муабети“ се авторски и имаат намера да ја забавуваат и насмеат публиката. Секое пронаоѓање со ликовите и содржината во нив, е случајност и не ги претставуваат официјалните ставовите на razbudise.mk.