Велигденски необични традиции од целиот свет – Ќе го разубават вашето секојдневие

Велигденски необични традиции од целиот свет!

Велигденските традиции иако со различни интерпретации, една работа е сигурна: тоа е време на прослава и обнова. Откријте некои од најневеројатните начини на кои луѓето го прославуваат овој голем ден.

Мистериозни криминални приказни во Норвешка

Во Норвешка, Велигден е време за читање криминални приказни и детективски трилери. Оваа необична традиција ги заплетува луѓето во мистериозни светови. Се добива впечаток дека „целата земја е во неизвесност бидејќи издавачите, радиото и ТВ станиците создаваат мистерии за убиства, па дури и млечната компанија придонесува со печатење приказни на кутии со млеко.“

Летање змејови на Бермуди

Бермудите го празнуваат Велигден со шарени змејови што летаат во небото. Бермуѓаните сами ги прават змејовите од шарена хартија и дрвени стапчиња. Ова е надополнето со специјално марамче –хамер кое испушта звук на зуење, популарно наречен звук на Бермудски Велигден.

Скриени велигденски гнезда во Европа

Децата во Германија и Швајцарија бараат чоколадни изненадувања скриени во гнезда во куќите. Оваа игра го вклучува целото семејство.

Борба со вода во Полска

Полјаците го прославуваат Велигден со водени битки. „Оружјето на избор се водени пиштоли, празни шишиња од шампони и шишиња со сапун за миење и се разбира старите добри кофи.“

Тркалање со јајца во Франција

Французите уживаат во тркалањето со јајца на тревна површина. Оваа игра станува уште поинтересна кога имате и „огромен велигденски омлет“ со пријателите. „Во Хо, Франција, се прави велигденски омлет од 4 000 јаца и повеќе од 100 килограми сланина, лук и кромид.“

Фрлање на глинени садови во Грција

На островот Крф, луѓето го прославуваат Велигден со фрлање на глинени садови. Со оваа традиција луѓето веруваат дека ќе го истераат злото и ќе најават убави случувања.

Традицијата на ѓеврекот во Луксембург

Луксембуржаните го прославуваат „Брецелсонден“, неделата на ѓеврекот.  Беќарите им даваат на девојките специјални колачи, третата недела во Великиот пост. Ако таа го прифати романтичниот гест , на беќарчето  му е дозволено да ја посети девојката во недела на Велигден  и за возврат ќе добие јајце. Ако ова се случи во престапна година, улогите се менуваат. Ѓевреците се специјални, лиснати колачи со глазура и бадеми.

Во секој крај на светот, велигденските традиции ги надминуваат границите на обичното и нудат поглед во богатството на културното наследство.Овие необични традиции на Велигден нè потсетуваат дека светот е полн со неверојатни и неочекувани чуда кои ги остваруваме кога ќе се отвориме за различноста и за нешто што е надвор од нашето секојдневие.

Преку велигденските необични традиции, Велигден добива нови димензии. Од мистични ритуали до весели обичаи што ги спојуваат луѓето. Во секоја од тие традиции, било да се бојадисуваат јајца во црвено или се одржуваат турнири во биење на јаца, се обликува љубовта кон креативноста и споделувањето на радоста. И токму тука, низ велигденските традиции воскреснува животот.

Извор