ТЕНЗИЧНО: Не e интересен статусот! – Најјаки се коментарите под постот!
Ако и вие сте дел од таа публика која на социјалните мрежи повеќе се концентрира на коментарите под одрeден пост, под статусот, веста, сигурно ќе ви биде јасен текстот. Реално, таму е вистинската забава. Тензично? Хммм… Ете како уствари оди работата таму:
Вест, статусот на денот, како пример:,,Џенифер Анистон се мажи!”
Коментар од тетка Жана на Мичо стрижипетелО:,,Со среќа да ви е, да се ќердосате!” Многу дечиња да ви дај госпО!”
Коментар од Паца на Трајче манџата:,,Да се ќердосате! Да имате голем челад! Ногу сте убај!”
Коментар од Гоцејца:,,Да ви дај ГоспоТ ногу дечиња мори Џенифер, ногу лична ни си!”
Коментар од Дарко немтурО:,,И шо сеа? Шo треба јас да напрам? Салто оти Џенифер Анистон се мажи?!”
Коментар од Стојче малеро:,,Орман фатете со се неа. Какви маки имаме ние тука, дали до неа ни дојде!”
Под Стојче. Riply to Stojce:,,Потполно се согласувам со тебе Стојче! Цела држава на мака сме, тие види шо пишат!”
Reply to овај другиО под Стојче:,,Не реков јас дека државата нечини. Да живеат политичарите!”
Reply to Stojce:,,Море да цркните со се нив сите! Арамии едни!”
Стојче:,,Тебе дома да не ти влегов да ти украдам нешто! Ај мрш таму.
Назад под веста.
Сара: срциња, срциња,срциња!
Славка:,,Редно беше!”
Петре:,,Мене Џеј ло ми е појака!”
Сара:Е како да не! Многу се разбираш ти!”
Сара reply to Petre ,,Шо е мори ти шо се зафаќаш! Ти да не си поуба”
Сара reply to Петре: ,,А шо демек ти многу убајо. И не реков јас дека сум уба, само кажвам мое мислење!”
Петре:,,Ти уште за кажвање си!”
Стојне под веста:,,Џенифер Анистон чупе златно честито да ви е! МногЈ си одговарате!”
Бојана reply to Stojne: ,,Тетка Стојне и јас се израдвав. Поздрав до тебе и до цела фамилија!”
Стојне:,,Ау, Бојанче мори тетино кај си ти? Поздрав голем и до вас и до мајка ти Таца и до татко ти Јордан и брато Живко. Арни ми сте? ”
Бојана reply to Stojne: ,,Арни арни. Мајка ми корона имаше ама му помина!”
Сашо под веста: ,,Дај бе не замарајте само глупости пишите. Новинари без дипломи!”
Сандра:,,А ти за шо сакаш да пишат, пак за короната?! ”
Сашо: ,,Не ама барем нешто попаметно да напишат!”
Сандра:,,Епа зато има да си бираш рубрики. Ако сакаш нешто паметно влези во култура или друго отвори или на крај краишта, не читај! ”
Бале: ,, го к од вјиквдфичс хго! Зборувајте македонски!”