Џуџињата и Снежа се враќаат на сцена! – Прв трејлер

Ваљда сите ја знајте Снежа и џуџињата. Огледалце, огледалце? Џуџињата..? Во една шума ко бегаше..? М? Ништо а?

А ако ви речам „огледалце огледалце“ одма ви се враќа меморијата. Ц ц ц самобендисани то е. Се околу то огледалото да се врти. Шала на страна, приказната за Снежана и седумте џуџиња одново ќе се раскаже на големото платно. Дизни е во чекор со трендојте и новото време и упорен со реализации на мејкоувер на класиците. Го прати пазаро и знај како со публиката. Во последно време инсистира да ги оживее бајките кои го одбележаа детството. Али нашето. Не на овие младите, тиктокерите. Дали тие ја знат Снежана? Дали тие во огледало имат ѕирнато. Дали тие ги знаат џуџињата? Ама ај да не се нервираме…

Иначе Рејчел Зеглер ја игра Снежа, главната улога и ова било исполнување на нејзиниот сон.

Марк Веб е потпишан како режисер на филмот „Snow White“, а дизниевата бајка за принцезата на која му „залетна“ јаболкото и оживеа е закажана за март следната година.

Но, се чини дека критиките околу филмот не застануваат. Имено оваа најнова верзија не ја раскажува приказната за Снежана допследно и онака како што ние ја знаеме. Во овааверзија, Снежана нем да ја спаси принцот. Сори лејдис. Хмм..

„Ми го уништивте дествотот“ …„Конечно успеавте! Дизни изненади!“ – се само дел од негатиовните коментари. Трејлерот собра многу гледаност, но и многу дизлајкови. Инаку, филмот стана предмет на контроверзии со изборот на Рејчел Зеглер која ќе ја има водечката улога – Снежана. Но, и Рејчел се противи на коментарите и одговари на критиките. Зеглер, веројатно имаше намера д ги спушти „дамите“ на земја, па нејзиното објаснување е дека ова повеќе не е 1937 година. Дека Снежана сега не треба и нема да биде спасена од принцот. Освен тоа, според актерката, оваа Снежана има нов сон, кој не е поврзан со клишето и трагањето по вистинска љубов. Туку желбата да стане лидер.

Инаку, „Снежана и седумте џуџиња“ е првиот долгометражен анимиран филм во историјата. Се роди во 1937 година, а на Дизни му донесе невиден успех и помогна во развојот на компанијата и стигнување на пиедесталното место како една од водечките креативни сили на 20 век.

[post_tags]