Што со родовата нееднаквост во платите? – Клаудија Голдин,светски Нобеловец за економија/23

родовата нееднаквост плата rodova neednakvost plata

Најновиот светски Нобеловец за економија/23 е жена и се вика Клаудија Голдин – Што со родовата нееднаквост во платите?

(СТОКХОЛМ)-Најновиот светски Нобеловец за економија за 2023 година е американката Клаудија Голдин (77), професор на Хардвар. Нејзиното истражување е околу родовата нееднаквост во платите , објавува Кралската шведска академија на науките.

Голдин го актуелизира прашањето „Каде се жените?“

родовата нееднаквост

Со нејзиниот комплетен извештај за заработката на жените и нивното учество на пазарот на труд низ економската историја, открива причини за промените и главните извори на јазот во платите меѓу половите. Економијата како област, игнорантно се однесуваше кон жената низ историјата. Дури и кога семејната економија доби на сила во 1970-тите, ништо не се промени. Базичните и вредни улоги за ставање на пиедестал на жените, не беа ниту во втор план. Наместо тоа, беа беа сосема игнорирани.

Занемарени беа придонесите на жените. Традиционалните модели низ поедноставените процеси во врска со донесувањето одлуки во домаќинствата ги тргнаа настрана придонесите на жените. Тоа ги наведе економистите да ја потценат неплатената работна сила на жените во домаќинствата. И да ги величат стереотипните родови улоги .

Анализите низ економската историја го потврдуваат тој, машко-центричен наратив.

За Голдин ова беше предизвик. Низ автентично и револуционерно истражување, таа ја откри компексноста на разликите во платите. Нагласи со што во однос на темата, се соочуваат жените жените по породувањето. Во таа смисла, породилното отсуство,  прекинот во кариерата или пак намаленото работно време за грижа околу децата, вклучително и други лица од семејствотои пошироко, доведува до намалување на заработувачката на жените на екстремно долг рок.

Залагањето на Голдин е робусни системи за поддршка. Тоа од своја страна би имплицирало зајакнување на капацитетите за згрижување деца, подобрување на политиките за родителско отсуство, нудење на флексибилност на работното место. И воопшто, пронаоѓање начин за зајакнување на целосните политики што ги подржуваат семејствата со деца. „Во спротивно, нагласува Голдин, жените се обврзани да продолжат да заработуваат помалку од мажите , после нивното родителство“.

Во ваков случај,  жената што не е реализирана  и општествено некорисна не може да биде комплетно среќна иако е реализирана како мајка. 

Отсуството на солидно , материјална сатисфакција ја демотивира и како таква, како би можела да биде и среќна мајка кога и најмалите и ситни потреби за животот на нејзиното дете не успева  да ги задоволи?!

Ова реторичко прашање сугерира на она што ќе рече: парите се во паричникот на мажот, но тој паричник сепак е негов. А паричникот на жената? 

Можеби  Голдин ќе го обликува во „подебел модел“ за да може да собира, пари за живот.  

Извор