Балканот и кариерата на жените?Како е да се биде жена кинематограф на овие простори?

жена кинематограф zena kinematograf

Како е да се биде жена кинематограф на овие простори и притоа мајка на три деца

Балансот меѓу мајчинството и кинематографијата е нешто што најверојатно истовремено бара  витална сила, акција, време и посветеност. На оваа тема своето искуствено доживување го долови една жена кинематограф , Елен  Лотман, една од врвните светски кинематографи на тркалезната маса во киното во Битола во рамките на 44. ИффК „Браќа Манаки“.  Лотман е актуелен претседател на естонското друштво на кинематографери .

kinematograf zena
кинемоатогарф жена

Ви ги предочуваме нејзините зборови во врска со темата:

„Имам три деца, забавно е. Да се има деца не само женска работа, туку е човечка работа. Филмската индустрија е сурова кога станува збор за баланс меѓу работата и семејството. Секогаш ги носам децата на сет, не сакам да бидат дома и сами. Кога го родив третото дете и бев на интервју за работа, со луѓе кои не ги познавав , морам да кажам дека тие беа мажи и немаа деца. Син ми Артур тогаш имаше три месеци и го однесов и него на интервјуто. Исто така во животот искусив и работа како „нормална личност“ кога работев во училиште за филм . Но сфатив дека сум подобар родител кога правам филм. Кога снимам,  сум „најкул“  родител. Кога ја добивме ќерката, нашето прво дете, ја носевме секаде со нас. Немаше разделба, таа гледаше дека ова е мојата професија. Кинематографијата не е воопшто лесна, но е мошне вредна работа.“

Зборовите на Лотман оставија силен впечаток и истите беа во интеракција со искуствата на другите присутни кинематограферки на тркалезната маса на оваа тема.

Последната констатација од дискусијата  во контекст на присуството и застапеноста на жени кинематографи на Балканот е : „Статистиката е доста лоша на Балканот.“ Тоа го подвлече српската директорка на фотографија Андриќ која истакна и дека од земјите во поранешна Југославија , Словенија нема ниту една жена кинематограферка, иста е состојбата и во Хрватска. Во БИХ има две жени, но тие се телевизиски кинематограферки, а во соседна Србија има четири .

Во хабитот на македонското -филмско тло, егзистираат две дипломирани кинематографери кои за жал, не добиле „можност и шанса“ да снимаат филм. Ова го потврди Самир Љума – македонскиот директор на фотографија и продуцент кој го модерираше настанот.