Започнува еуфоријата за 44 издание на меѓународниот филмски фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“
Кинематографијата на Балканот е актуелизирана со „Камера 300“ . Тоа е и името на главната награда за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Фестивалот останува во својот дом во – Битола, градот каде циркулира животот на филмот.
-Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости. Имаме 65 филмови и 37 ноќни забави. А годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости. Тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат. Имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат со врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.
Имено на ова место, во нашата Битола во далечната 1905 година, се доселиле првите и величествени сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки и ја купиле камерата од Лондон, изработена од „Charles Urban Trading“ и 300 -то парче од серијата БИОСКОП.
Денес, меѓународните филмови се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена камера 300. Истите се доделуваат на најдобрите директори на фотографија. Наспроти официјалната конкуренција, фестивалот содржи и „големи партикули “ од кратки филмски и документирани филмови.
Свеста за историскато значење на она што се вика „документ преку филмски снимки“ е вонвременски, генетски код кај браќата Манаки. Оттука „изворен сенс“ за „купувањето и употребата на најдобрата камера“, Камера 300.
Ова грандиозно филмско случување го дава својот оригинален печат на „златниот пресек во седмата уметност“ со потписот на уникатниот стил на снимање на Браќата Манаки. Над-умешно ги сублимирале корените на традицијата од хабитот од каде што доаѓаат. (Не случајно, нивната баба Деспа го врти роданот во првиот филмски кадар) и европскиот технички напредок.
Во рамките на Меѓународниот филмски фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки “, се одржуваат и работилници, дебати и изложби. Секако, се доделува и награда за животно дело. Многу светски имиња продефилирале на црвениот тепих како лауреати во кинематографијата. Биле присутни Свен НИКВИСТ, Анри АЛЕКАН, Фреди ФРАНСИС. На црвениот тепих во Битола, имаат прошетано и Хозе ЛУИС АЛАКАИН, Јежи ВЕЈЧИК, Раул КУТАР, Виторио Вајрослав СТОРАВ и многу други.
Престојните денови во Битола ќе биде вистинско, филмско уживање. „Главни и одговорни виновници“ за и ова неповторливо искуство во светот на филмот од аспект на професионалец или љубител на филмот, се коиј други, ако не неповторливите Браќа Манаки и нивното „око со вид на сокол“ – Камера 300.
Мотото на овогодинешното издание е „Прекрасното непознато“. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, утре ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера.
БИТОЛА е подготвена, зошто БИТОЛА Е ГРАДОТ на Фестивалот на филмската камера •Браќа Манаки• по 44 пат!
Извор на насловна фотографија: Диоген Хаџи Коста – Милевски