Првиот орален лек за постпородилната депресија
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилната депресија, објавија Sage Therapeutics и Biogen. До овој момент, лекувањето беше поткрепено преку интравенска примена на лекот во здравствените установи. Zurzuvae е новината која ќе биде достапна во последниот квартал од 2023 година со начин на употреба, еднаш дневно во текот на 14 дена.
„Постпородилната депресија е потенцијална опасност по животот и состојбата на жената од причина што манифестира тага, вина и безвредност. Во потешки случаеви произведува мисли на суицид“. – констаира шефот на психијатрија Тифани Фарчионе во Центарот за евалуација на лекови на Центарот за проценка и стражување на ФДА,
Лабараториските испитувања покажаа дека новата пилула ќе ги олесни симптомите на мајките кои патат од постпородилната депресија.
Имено постпородилната депресија се дефинира како нарушување на расположението. Тогаш , кај жената каде доминираат и се акцентира лошото расположение. Меѓу бројните симптоми, како депресијата и недостатокот на интерес за работи кои дотогаш им биле омилени. Промените во начинот на размислувањето, каењето, однесувањето во постпородилниот период се евидентни и сеприсутни. Неретко се појавуваат и промени во физичкиот изглед.
Можеби главниот виновник за чувствување на овие емоции кои задолжително треба да се сфатат сериозно е неспиењето. Очекувањата од околината дека сето тоа треба да се разбере како најубавото нешто што му се случило на една жена, создава уште поголем притисок. Тоа доведува до појавување на мноштво прашања. „Зошто целиот свет се радува, а јас не? Што се случува со мене? Може ли ова да го поправам? Како може на сите да име убаво. Јас треба да бидам најсреќната!“. Импераативот кон себе си, а неможноста од одговор кон истиот, го повлекува пациентот во уште поголема бездна.
Започнува сосема нов живот и вие не сте приоритет
Ова е само еден дел од конфузните мисли кои на мајките им прават дополнителен стрес. Освен тоа фактот што на свет сте донеле нова душа, човечко суштество е големо изненадување. На почетокот пријатно, а после тоа може и не толку пријатно поради стресот околу големата обврска и апсолутно различниот контекст на одвивање на вашето секојдневие. Мајките едвај се соочуваат со „новиот живот“ иако не го сакаат тоа. Хормонскиот дизбаланс и секако неспиењето се главните виновници. За жал, прашањето околу оваа состојба, во нашите простори сеуште е „табу“ и недоволно сериозно прифатено.
Но, она што е најважно за постпородилната депресија е развиената свест околу состојбата во која се наоѓа една мајка. Признавањето дека проблемот постои е половично решение на истиот, а за останатите, доколку имате во близина некој човек со ваков проблем, веднаш интервенирајте и помогнете.
А оваа вест, за првиот орален лек за третман на постпородилната депресија,е среќна вест. Барем мајките тоа го знаат!