Различниот стил на живот на жените ширум светот – Емотивно патување низ фотографии

жените

Некои живеат, а некои преживуваат – Различниот стил на живот на жените ширум светот

Често знаеме да се замислиме како би било доколку имавме друг живот. Како би било ако не се родевме тука, како би било да носиш туѓи чевли. Но, животот нема правила. Единственото нешто кое би требало да го знаеме е потенцирањето дека стресот го претставува она што сакаш да бидеш, а мирот те претставува токму тебе. Токму сега и на тоа место. Во твоја кожа.

Можеби малку со ова ве тешиме, затоа што во продолжение ќе видите различни приказни на фотографии од Pinterest кои раскажуваат различни животни приказни. Се разбира за некои не ни помислувате, но за некои чевли и тоа како ќе посакате да ги пробате.

живот на жените

После фотографиите и знаат да погодат до балчак, да расплачат или насмеат. Да го возвишат адреналинот, мотивацијата и желбите или да демотивираат, сигурно размислувате околу она што вам ве опкружува. Би рекле, дека е важно да го разбереме светот околу нас. Конечно да сфатиме дека некои работи не се во нашата моќ. А за луксузот, би рекле дека е во прифаќањето на реалноста токму онаква како што ни е сервирана. Да јадеме на таа трпеза со насмевка и леснотија. „Од лошо полошо“ велат. Но, нашиот совет не звучи така. Ние се задржуваме на мислата дека се е до нашите мисли и умот го доживува само она што го гледаме.