Животот е премногу краток, а кога велиме краток, мислиме на тоа!
Понекогаш не се доволни зборовите зa да се опише еден живот. А можеби зборовите се од повеќе, па фотографиите, сликите и илустрациите знаат да го опишат целиот циклус.
Всушност цела приказна може да се сфати како едноставна. Се раѓаме, спознаваме, сакаме да избегаме од светов, се враќаме назад, растеме, созреваме, учиме, работиме… И дури да се завртиш се случува институцијата брак. Слушаш различни совети за бракот, како да треа повеќе, совети од постарите, совети од магазините, совети од пријателите, совети од „системот“. Се одлучуваме да имаме деца, можеби две, а под притисок од општеството, можеби и повеќе од две. Дури потоа, следи вистинскиот живот. Или оној кој вклучува проблеми, финансиски тегоби, болест и она што се нарекува „…И во добро и зло“! Но, кога сето тоа го гледаме низ неколку фотографии, сѐ некако ни изгледа на кратка приказна што всушност се случува секому.
Што би направиле за да излеземе од клишето? Или можеби токму тоа клише не прави богати, вљубени, сакани, исполнети.
Сепак, едно раскажуваат фотографиите: Животот е премногу краток, а кога ќе кажеме премногу, мислиме на тоа! Затоа разбудете се и најпрво сакајте го секој миг. Потоа бидете среќни за секој нареден, затоа што тоа е уште една шанса да живеете токму така како што сакате.