„Денес не е забалежена политичка или финансиска криза во светот и сите плати се покачуваат!“ – Замислете да се разбудите со оваа вест!

Замислете, станвате сабајлечки, пуштате ТВ, скролате на интернет и таму сѐ однопаку. Брда долини, покачени плати и што уште не! Што ако вестите би биле вакви?

Денес светот се разбуди рает! Процентот на мито и корупција го снема! Сите се ко шо треба! Денес нема мозоко да ви чади!

Нема киднапирања, нема невремиња, забележано е значително немалување на корупцијата во светот!

Државата реши да го распредели буџетот на граѓаните!

Сите се повлекоја од функција и решија да се бават со нешто полесно. Пајнци мијат в кафани оти не му стигнаја пари за есапо да си го платат по меани!

Утрово не е регистриран никаков земјотрес!

30 луѓе купиле алишта од али експрес и се изненадени од брзината и квалитетот на пратките.

Не се забележани смртни случаи!

Времето денеска сончево и топло! или (Македонија п..т не ја изненади СНЕГОТ!)

Нема климатски промени!

Престана војната во Русија и Украина, во Израел и Палестина!

Направени се згрижувалишта за триста илјади кучиња. Сите се згрижени.

Корона вирусот нема никакви последици. Нити психички, нити ментални! Не се забележани никакви настинки, бактерии..

Али и ако е ваква работата, пак некој друг ќе страда:

  • Падна работата на психолозите, психијатрите, нутриционистите.
  • Политиката во криза! Нема кој да ја води државата! Се бара било кој да застани на власт!
  • Медиуимите во паника! Вестите не се доволно читани! Нема црна хроника!
  • Фармацијата во хаос! Најдени скинати дипломи! Претпоставката очигледна: Вирусите во целосно изумирање!
  • Паника кај здруженијата за животни и климатски промени. Не постои причина за бунт!
  • Кафаните и казината празни! Луѓето се среќни и без нив! Општ хаос!
  • Анархија по улиците! Ги снема мобилните телефони! Зукемберк прогласува целосен банкрот! Гугл на продажба!

И пак, покрај сите убави вести…И колку и сонце да пука… Светот повторно се распаѓа! Мора некој да страда! Мора да има некој конфликт! Тензично…