Дали светот е застрашувачко место? – Како до промена? Можете поинаку – направете го тоа „сега и овде“- Do It Now
Секојдневно ги следиме вестите и добиваме впечаток дека светот е застрашувачко место. Сè е секогаш полошо. Секоја наредна информација добива суперлатив димензија. Што може да направи еден човек? Ако размислиме подлабоко и ако погледнеме навнатре, единствено што можеме е да го преобразиме нашето гледиште преку позитивно афирмирана активност. Начините преку кои се доаѓа до тоа, се возможни и го даваат посакуваниот резултат на манифестација.
Првиот чекор кон каква било лична промена е подготвеноста за учење
Без разлика за каков вид на прашања се работи (сиромаштија, војна, човекови права), учењето е она што ви овозможува да растете. Отворениот ум ги филтрира различните мислења, дури и оние кои се разликуваат од вашите. Осознавањето преку учење не ви дозволува да заглавите во „его-стаклена кутија .“
Да се биде достапен на вистински начин ја зајакнува заедницата и прави подобар свет за секого
Тоа се нарекува „живо присуство.“ Интернетот не е замена за вистински контакт со други луѓе. Посветете се и поминувајте време со пријателите и семејството за разговор, оброци и активности.
Тајната на вистинската среќа е благодарноста
И покрај тоа што и не e се така розово, дури и сиво е и безлично, постојат работи за кои треба да бидете благодарни. Со фокус на мислите кон доброто, можете да го намалите дистресот. Тоа не значи дека се „лажирате“ себеси, но сеќавањето на она што го правите ве спречува да потонете во депресија или страв. Кога вашата перспектива е насочена кон позитивни работи, таа е заразна и ги охрабрува луѓето околу вас.
Доследноста е најдобриот начин да направите промена во светот, затоа работете во волонтерско време според вашиот распоред
Доколку сте во можност, давајте одредена сума пари на вашите омилени организации и добротворни организации. Може да се чувствувате добро што ќе влијаете врз каузите на кои им е потребна поддршка.
Ставете ги парите таму каде што се вашите вредности. Давањето во добротворни цели не е единствениот начин вашите пари да направат позитивна разлика. Размислете за брендовите што ги купувате и дали компаниите активно придонесуваат за доброто во светот или за лошото. Дознајтe! Можете да бидете дел од заедница која прави разлика.
Донирајте наместо да исфрлате. Кога ги расчистувате работите, одвојте сѐ што е во добра состојба и донирајте ги. Oблека, играчки, електроника и повеќе, донирајте на луѓе кои не можат да си дозволат нови производи со полна цена. Со донирање, вие помагате и да се намали отпадот. Тоа е сосема добар начин да им помогнете на луѓето и на животната средина истовремено.
Однесувајте се кон животната средина со респект
Може да звучи обесхрабрувачки да се мисли дека една личност навистина не може да направи многу. Ако сите тие поединци го вложат својот дел, тоа се собира и се размножува. Бидете свесни за вашата потрошувачка на енергија, вода и намалете го пластичниот отпад со купување работи што се биоразградливи или кои можат да се рециклираат.
Работете со деца
Ако длабоко се грижите за иднината, размислете да работите со деца на некој начин. Ова може да значи доброволно одвојување на вашето време, менторство и/или донирање пари за специфични цели за деца. Децата се како сунѓери, на многу начини и ја впиваат енергијата што е околу нив. Бидете позитивен модел и направете примарно влијание.
И конечно, запомнете: промената на светот почнува со индивидуите и секој може да допринесе во креирањето на подобра заедница и свет. Осмелете се! Можеби ќе разоткриете потенцијали кои долго време биле во латентна состојба.