Печено свинско месо во рерна – се распаѓа под вилушка!

Печено свинско месо во рерна – се распаѓа под вилушка! Ефектот е неоддолив. Заврзете ја престилката, пуштете ја омилената музика и подгответе се за гастрономски исход што ќе ги разбуди сите сетила! Едноставно за подготовка, но со ефект што освојува!

Ова печено свинско месо се распаѓа под вилушка и исполнува сè  со сочен, неодолив мирис, а вкусот е чисто уживање! Тајната во подготовката е  – полека…трпеливо печење што го претвора секој залак во вистинска гозба.полека… трпеливо печење што го претвора секој залак во вистинска гозба.!

Време на подготовка: 240 минути

pecheno svinsko meso se raspaga pod vilushka
печено свинско месо

Состојки:

1 свински бут(2 до 3 кг)

4 моркови

2 главици кромид

200 грама целер (корен)

200 гр. корен од магдонос

Свежи листови магдонос (за декорација)

200 мл. бело вино

350 мл. зеленчукова супа

3 ловорови листови

Сол и бибер

печено свинско месо се распаѓа под вилушка

Подготовка:

Подгответе го месото: ако имате време – а за ваков специјалитет вреди да најдете – оставете го во маринада неколку часа. Подгответе го месото: Ако имате време – а за ваков специјалитет вреди да најдете – оставете го во маринада неколку часа.

Загрејте ја рерната на 160 степени.

Исечете ги морковите, кромидот, целерот и коренот од магдонос на големи парчиња.

Во тава или сад со дебело дно, кој е погоден за печење, наредете го зеленчукот. Поставете го свинскиот бут врз него.

Додајте ги ловоровите листови, прелијте го месото со виното и зеленчуковата супа, покријте со капак или алуминиумска фолија и ставете да се пече.

Печете полека: оставете го месото да се пече 3 до 4 часа. На секој час проверувајте и полевајте го со течноста од тавата за да остане сочно.

По печењето, извадете го капакот или фолијата и зголемете ја температурата на 200 степени за да добие златно-кафеава кора (околу 15 минути).

Оставете го месото да одмори 10 минути пред да го сервирате.

Совет: исечете го месото на парчиња и сервирајте го со зеленчукот и прелијте со сосот што се формирал при печењето. Декорирајте со свежи листови магдонос.

Совршено за семеен ручек кој ќе го воодушеви секој гостин! Добар апетит!

[post_tags]