КарамфиЉи, ружи, букети. Патувања, пакети за Рим, пакети за Турција, 8 ми Март во Венеција, Прага… Сиромаштија! Или едноставно, денот на жената се претвора во дваесет и четири часовен кошмар за мажот. Лабаво осмимартовски? Хм…
Предлог поклон е неизбежна ружа и тавче. Али и шлем заедно со тавчето. ( Во случај на несреќа). За овие од „старото кино“ можи и даска за пеглање, решо, плинско, експрес лонец и така нешто попрактично. Ама за овие новиве девојки тиктокерки и инфлуенсерки, пазете шо поклонвате оти се снима. И лајф оди цел ден. Кој ќе ги трпи овие популарните, ѓомти од шоубизнисО … Ќе се скапат со фотосесии со цвеќиња околу нив и сите денес ќе бидат во тежок феминистички филм.
Ќе има и такви шо ќе хејтат оти цел празник му е само лигаење, преправајнци и жените на овај ден изгледат претеризам маженствено. Тестостеронот лачи на јако и стално има една најјака шо ја прај цела организација и прва е на оро со костумчето од 62ра. Пеј, пие, пуши и задолжително ги слеква чевлите. (Да, да. Од синдикато жените постојат, иако си мислевте дека заминале во историјата.)
И ко сме кај кафаните и организацијата, зошто мажите знаат да си договорат меанче за нецела минута, а на жените им треба цел месец, а можда и два?!
Притоа, битна е фустанчето, накитот, штиклесо за да сето тоа изгледа крајно гламурозно или крајно кичесто и невкусно. И можда и во право се со феминистичкиот став. Па еден ден е бре човече. Фала богу дека ќе се испустат до даска. Кога друг пат?!
Има ора да се вијат, мишки и цедиња да се „осеЧаат“ дури се вика и урла по стриптизерот. Али дома… со мажот кротко. Пристојно. Со ќути си дупи си и ,,Колку се напи жено?! – Ами две ракии!” Другите шест никако кажвање.
А има и лабаво…Осмимартовски..Со закажани тури (притури) за Инстамбул кај омилените ликој од турските серии…Замисли цел автобус пијани жени! Уф…
Како и да е, Среќен да ви е женишта! Каде и да сте, али пазете и на финтата шо мажето дома можи да ви ја напрај:,, Жено вечерава решивме да ве изненадиме со мажот му на Светлето. Не мора да готвите. Ќе касниме нешто надвор! “