Момче повикало итна помош да му помогне со домашната задача

На линијата за итен случај – неочекуван повик! Момче повикало итна помош да му помогне со домашната задача. Ваков повик, канцеларијата на шерифот во американската сојузна држава Винсконсин, дефинитивно не очекувала.

домашната задача

На линијата за итен случај, еден од заменичките шерифи неодамна примил неочекуван повик од десетгодишно момче. Тоа побарало помош за домашната математичка задача. Нему му било навистина хитно! Џорџ Ленцнер, шериф на округот Шавано, изјавил за „Добро утро, Америка“ дека детето го повикало на 15 ноември.

Долгогодишнатаа диспечерка Ким Краус му се јавила на детето и му објаснила дека итната линија не е наменета за помош со домашни задачи, но сепак не можела да не му помогне. Таа го прашала за каков проблем станува збор, а момчето му поставило математички проблем со децимали. Ким не можела да му помогне, но му кажала дека ќе провери дали заменик шерифот е во близина, изјавил Ленцнер.

Иако канцеларијата на шерифот во округот Шавано, која опслужува околу 42 000 жители во руралната област, обично има многу работа, заменик шерифот Чејс Мејсон бил случајно достапен и на вистинското место во вистинско време. „Мејсон има пасторче кое е приближно во истите години како детето, па седнал и му помогнал со математичката домашна“, рекол Ленцнер, додавајќи дека сè завршило со успех.

извор

[post_tags]