Дали знаете дека божиќната ѕвезда или поисетија, потекнува од тропските предели на Мексико. Според легендата, нејзината убавина се појавила како чудо за еден скромен подарок, покажувајќи дека љубовта е најголемиот подарок.
Симболот на Божиќната Ѕвезда
Дали знаете дека во католичката традиција, црвените лисја го симболизираат Христовото жртвување и радоста на Божиќ. Легендата вели дека едно девојче, кое немало што да подари за Божиќ, собрало обичен коров – кој,откако го положила на олтарот, процветал во прекрасна ѕвезда.
Дали знаете кои се тајните за нега на ова растение?
1.Светлина – поставете ја близу прозорец, но избегнувајте директна сончева светлина.
2.Температура – одржувајте 15-20°C ; премногу студ или топлина може да биде штетно за божиќната ѕвезда.
3.Заливање – кога земјата е сува на допир, додадете вода и избегнувајте преполнување.
4.Влага – повремено прскајте ги листовите за свеж изглед.
Како да процвета повторно?!
Со правилна грижа, вашата Божиќна Ѕвезда ќе блеска и оваа сезона – симбол на радост, љубов и хармонија. Во есен, овозможете ѝ 14 часа темнина секоја ноќ. По неколку недели, листовите повторно ќе ја покажат својата боја и ќе ја вратат нејзината уникатна убавина.